Предбрачен договор

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
До скоро ова беше само западњачка мода, но во последно време се појави и кај нас. Што мислите за ваквите договори? Дали тоа е чин на сигурност или уште една глупост плус на денешното време?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
шо знам..? нашите цело време се трудат да живеат како западњаците.. да живеат американски живот, а и самите знаат дека нема услови за тај живот..
предбрачен договор.. ако се мажиш со некој значи си сигурен дека го сакаш а и тој тебе.. но како шо викат никогаш не можеш да биде сигурен.. не знам.. и сум за тоа, а и го сметам за гупост.. не знам :unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Можеби е добра идеја, за сите што летаат по парите на партнерот, а нема љ од љубов.
Сепак незнам баш како би било прифатено ова.
Замисли ти дојде партнерот/партнерката и ти рече супер ќе се зееме, ама ќе треба ова да потпишеш :)
Малце влева доза на несигурност и недоверба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Нема потреба од тоа... Чим веќе сум решила да се мажам, тоа ќе биде дека сакам да имам заедница , што е мое твое е во тој стил... па сега ако не иде тоа е друго.... ама сепак - не.
 

hani

Нов член
18 март 2012
1
1
3
66
Skopje
jas mislam deka toa e mnogu dobra rabota.zoshto? eve zoshto.drugi se obrskite koga ste kako dechko i devojka a drugi vo zaednica.pa ako izdrzat barem dve godini bez problemi togash mozat i da se venchaat.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
А некој да објаснеше што е тој предбрачен договор?:eek
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Вака би изгледал предбрачниот договор.
Член 1
Гледањето серија е дозволено само во репризен термин, и под услов тој да е меѓу 2:00 и 5:00 по средноевропско. Тонот не е дозволен.

Член 2
Гледање на ријалити шоу програма не е дозволено ни во главен, ни во репризен термин, затоа што го контаминира мозокот што може да има несогледливи последици по понатамошниот живот.

Член 3
Мирот и тишината во тек на гледање фудбалски натпревар е од витално значење за мир и тишина во куќа. Во тој период влезот на другарки во куќа е најстрого забранет, затоа што неколку од нив можат да направат поголема врева од 50 000 пијани Турци на дерби Фенербахче - Галатасарај.

Член 4
Додека се гледа телевизија, сосема е нормално нозете да бидат качени на маса.

Член 5
Телефонските разговори, доколку траат пократко од 10 минути се обавуваат во просторија во која во тој миг не сум присутен. Доколку се подолги од 10 минути - на терасата.

Член 6
Ронките ќе бидат исчистени подоцна.

Член 7
Гаќите и чорапите ќе бидат тргнати утре.

Член 8
Раката од гаќите нема да биде извадена никад.

Член 9
Две ракии пред ручек и едно пиво после се традиционален ритуал во мојата фамилија, и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така е неизоставно.

Член 10
Ручекот го готвиш ти. Гаќите ги переш ти. Пеглаш ти. Куќата ја чистиш ти. Јас цепам дрва, внесувам јаглен, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци.

Член 11
Киселиот купус не смрди и се става става секоја година.

Член 12
Кумот во куќа е пожелен к'о хуманитарна помош во Сомалија.

Член 13
Пушењето во куќата е дозволено во неограничени количества и во сите простории.

Член 14
Пушењето во куќата е пожелно во неограничени количества и во сите простории.

Член 15
Набавката на какво и да е џуџесто куче, на кое зиме му се облекуваат џемпери и му се ставаат капи да не добие бронхит или запаление на јајници е непремостив атак на угледот и достоинството на семејството.

Член 16
На синот ја му давам име! На ќерка ти можеш ти, а може таа и сама на себе кога ќе порасне, затоа што до тогаш секако ќе ја викам 'сине'.

Член 17
Инцидент од типот доаѓање на твоите родители смее да се случи само на детските родендени и во случај на семејна трагедија од огромни размери. Нивното ненајавено доаѓање е незамисливо.

Член 18
Ако сме двајцата во кола, возам само јас. Ако сме двајцата во кола, ти трезна а јас пијан, повторно возам јас.

Член 19
Друштвото е институција. Затоа постои обврска барем еднаш неделно со нив да одам во кафана. Ти исто така имаш обврска барем еднаш неделно да одиш некаде, со кого и да е, за да произведеме уште еден ден неделно во кој не сме заедно.

Член 20
На веселби како слави, свадби и колење свињи не е срамота да се пие. Срамота е да не се пие.

Член 21
Сексуалните односи се одвиваат не почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат на школо, само кога ќе добијат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет- кога ќе дипломираат.

Со љубов, твојот драг иден маж