Првите религиозни верувања (анимизам, тотемизам и табу)

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Анимизам
1. Потекло на зборот:
Зборот анимизам потекнува од латинскиот збор ANIMA што значи дух или душа.
*Анимизмот е верување дека во секое растение, животно или објект постои душа или дух, иако објектот е од нежива природа. Еден нежив објект добивал душа кога на примитивниот човек му користел за некоја дејност. Доколку објектот престанал да постои неговата душа станувала дел од светската душа.​
2. Прв со анимизмот се занимавал британецот Едвард Тејлор во книгата Примитивната култура издадена во 1871 година. Тој сметал дека сложените облици на верување настанале од овој наједноставен облик. Примитивните луѓе мислеле дека душата е фантом (сенка на телото). Кога телото ќе престанело да постои, душата продолжувала да живее во светот на предците.​
3. Настанок на анимизмот:​
Анимизмот настанал како резултат на потребата на прачовекот да си ги објасни сонувањата, сонот и смртта. Тогаш човекот мислел дека сонот преставува можност душата да го напушти своето тело и да помине одреден простор и време и повторно да се врати во телото. Така тој си го објаснувал спиењето а со помош на духови си ја објаснувал смртта.​
Тотемизам
Верувањето во тотемот настанало како резултат на потребата на човекот да открие од каде потекнува.​
1. Потекло на зборот:​
-Зборот тотем потекнува од зборот ototeman на јазикот на племето Aлгонкијци кои живеат во Северна Америка.
-Зборот ototeman значи братство, сестринско сротство. Тоа значело дека луѓето се крвно поврзани меѓу себе и не требале да се земаат.​
2. Карактеристики на тотемот:​
-Тотем може да биде растение, животно или објект.​
-Тотемот исто така се сметал за заштитник, пријател, роднина, помошник, родител на луѓето - му придавале натчовечки особини и затоа се однесувале со страв и почит.​
-Постоела забрана (ТАБУ) за јадење, допирање или убивање на тотемот.​
-Правеле тотемски ритуали и луѓето се идентификувале со тотемот.​
3. Видови на тотемизам:​
-Грубен тотемизам​
-Индивидуален тотемизам​
Табу
1. Потекло на зборот:
-Зборот табу е со полинезиско потекло. Го користеле тамошните племиња особено племињата кои живееле во државата Тонга.​
2. Значење на зборот:
Зборот табу има два вида на значење:
-нешто свето или осветено
-забрането, страшно, нечисто.
Главниот град на државата Тонга се вика Тонгатапу - „Светиот Дух“.
3. Табуата не се ниту религиозни ниту морални забрани. Тие забрани не се дадени од некој Бог, ниту можат морално да бидат засновани. Табу е забрана по себе.
4. Видови табуа:
-Забрана за јадење (диети, вегетарјанизам, забрана за канибализам);
-Забрана за сексуални односи (педофилија, некрофилија, инцест, полови улоги (машките вршат машки работи, а женските женски работи)
-Забрана за одредени телесни активности (ставање обетки, цртање на телото и др.)
-Забрана за јавно изложување на телото
-Забрана за допирање на мртов човек
-Забрана за користење на одредени растенија кои можат да влијаат како дрога.
*Доколку некој го прекршел табуто и самиот станувал табу, меѓутоа прекршувањето на некои табуа било казнето и со смрт.

Totem_poles.jpg
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
овоа тотемот ме потсеќа на Survivor..хеххе :D а и сликата исто така
религија ко религија секоја си има своја убавина..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy