Првата љубов на вашето дете

Демонката

Нов член
8 февруари 2016
13
2
1
21
Родители разкажете за првата љубов на вашето дете дали ви се отворило да ви каже дека има симпатии кон момчето/девојчето од неговото школо. Секако можете и другите да кажете за вашите браќа или сестри!
 
Последна промена:

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Аа ова е само за родители што имаат деца од 1во одд па нагоре ?! ;):)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што и да правите, само немојте да ги напнувате дали имаат симпатии и да им чепкате по лични ствари за да дознаете. Уште помалку не им наметнувајте некоја мисла ко тоа да е срамота, дека се премногу мали или дека им треба ваше одобрување дека симпатијата е океј. Кај мене тоа беше потенцирано индиректно (барем јас така сум го сфатила), па никогаш не развив навика да кажувам ако некој ми се допаѓа, само ептен ако стане сериозно, со што досега моите знаат и запознале цели двајца дечковци.

Е сега, пошто е друго темата, а деца немам, ќе кажам за себе.
Мојата прва симпатија беше еден Дејан. Имав три и нешто години и ептен слабо паметам, но знам дека беше симпатија оти не ми го исклучуваше Нинтендото, туку рамноправно ми даваше да играм со нив, поголемите батковци, па колку и да не знаев и губев. :zelen
Во забавиште имав двајца симпатии, ама после се одлучив за едниот пошто ме турна во шкафче несакајќи и ме извлече џентлменски и така заслужи да ги пишувам нашите иницијали во Росица или Развигорче (не памтам што земавме). :rofl
Во принцип значи лесна сум била за освојување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape