Прашања околу диетите

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
24
108
27
Пред неколку месеци (поточно во јули 2022) почнав да го применувам начинот на исхрана од приватната здравствена ординација „Срце“. Првите два месеца ослабев 6,5 кила, но од тогаш до сега не слабеам, а сѐ уште го практикувам тој начин на исхрана. Ми направија начин на исхрана кој се состои 90% од месо, риба, а другото е печурки, блитва, спанаќ и леќа, овошјето е забрането, од леб дозволен е лебот без брашно и без квасец, соковите се забранети, од кафе можам само Франк и Еспресо да пијам. Ме интересира дали некој го држел или го држи овој начин на исхрана? Зошто не можам да намалам уште килограми, кога се придржувам до тој начин на исхрана? Дали може од овој начин на исхрана да се појават камења во бубрезите?
 
kockakockica@

Истакнат Член
30 мај 2022
104
46
138

Можеш ли точно да пишеш како се држи таа диета?
Овошје да биде забрането во целост, малку ме буни искрено...но, ако има ефект, ок..А колку време смееш да водиш таков начин на исхрана?
Што се однесува на тоа дека веќе не слабееш, нема ефекти, па можеби и немаш вишок сало за слабеење, можеби си дошла до идеална тежина.:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell

bluebell

Истакнат Член
12 јануари 2022
73
24
108
27

kockakockica@ Кога појдов за прв пат во „Срце“, ми направија интолеранција на исхрана и резултатите ми беа чудни. Ме изненади тоа што, според резултатите, ми е забранета пастрмката, морските плодови, овошјето, гравот, боранијата, грашокот, пченичното и пченкарното брашно, оризот. Од масла можам да користам масло од семки од тиква, маслиново масло, кокосово масло, ленено масло, сусамово масло, масло од семки од грозје. Маргаринот и паштетите не се дозволени, ниту компирот. Многу намирници не ми се дозволени. На минатата контрола ми рекоа дека не смеам да јадам кисела зелка, туку само зелена салата, краставици и пиперки. Овој период нема баш голем избор на зеленчук, така и нив им реков, но тие настојуваа на нивното. За вечера може да се конзумира лесни протеини (белка од јајце, пилешко месо, бела риба-пастрмка, бранцин, лаврак), печурки-буковка, лисичарка, конзервирана риба). Во листовите што ми ги дадоа пишува дека кравјото млеко не се става во кафе или чај, не се конзумира воопшто, модерната медицина кравјото млеко не го дозволува во човечката исхрана, човечкиот организам нема ссодветни ензими кои можат да ги разложат протеините од млекото, па во организмот се таложат отпадни продукти. Докажано е дека оние кои пијат млеко во поголеми количини имаат намалување на железото во крвта и бројни симптоми на алергии. (=и ова го пишува во листовите, што не знам дали е точно, доколку има некој на форумов кој е стручен за оваа област, нека ми каже дали е вистина или не). А за тоа колку време смеам да водам ваков начин на исхрана, не ми рекоа ништо конкретно. Во последниве 3 години качив многу во килажа, не верувам дека ќе успеам да намалам за неколку месеци, па и за една година толку килограми колку што очекуваат тие.​

Се извинувам за долгиот пост, но морав подетално да објаснам околу овој начин на исхрана.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

Интересна листа на забранети и дозволени продукти...но, не сум стручна во тој дел, ама сепак мислам дека треба и со други луѓе да се консултираш околу исхраната...а за килажата ке мораш плус физичка активност да внесеш, тоа обавезно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: bluebell