Појава на бубачки кај куче

Assy_Mo

Нов член
2 јуни 2015
6
1
3
33
Здраво!
Имам куче мопс веќе 3 години и го чувам исклучиво дома, надвор го носам само за во ВЦ. Од пред некое време, кога се стопли веќе времето, иако му имав ставено ампула против крлежи, приметив дека после враќањето надвор фатило чудни бубачки, црни, ситни како вошки, а не се вошки :) секаде се распрашував за совет како да ги отстранам(ветеринар, сопственици на кучиња),пробав со посебни ампули, со шампон против вошки, со прашок, се имаше само моментален ефект. Еве уште не можеме да ги отстраниме, а не ни е пријатно бидејќи дома го чуваме.До сега сме немале никаков сличен проблем, а и од други сопственици на кучиња слушнав дека го имале истиот проблем и дека бараат решение :)
Ве молам ако имал некој слично искуство нека сподели!!!
Ви благодарам
 
antonio

Like-Maniac
29 август 2013
821
1,118
1,103
Скоје- Ченто

појди си во аптека и купи Неопетроит 70 денари е мислам. И напудри го цело
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Знам дека кучето на другарка ми имаше еднаш ваков проблем. Го однесоа на ветеринар и му дадоа една течност или шампон што се раствара во вода за да го избањаат. Потоа им рекле да поминат неколју дена и да му стават некоја ампула против болви, крлежи (нешто на ф беше) и кучето потоа си немаше никаков проблем.
А една соседка знам дека раствараше оцет во вода со лук и го премачкуваше, потоа ни бубачки ништо немаше. Е сега колку е безбедно со оцет со оглед на тоа дека се лиже по телото не знам.
 
corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
„Vetacid„течност(иста како млеко),мислам дека се ставаше 4ml од течноста,во 5l вода,и стави си во шише со прскалка.Нема проблем и да се лиже,наменето е за топлокрвни животни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: antonio and Makedonec

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Само ке го измалтретирате кучето со тие медицински птрепарати од ветеринари и аптеки, ништо од тоа не е сосема безбедно. Најдобар лек за вакви и слични паразити е да го избањате со разреден оцет (јаболков), а може и со сок од цеден лимон. Бубачињата ке избегаат а и не е штетно ниту за кучето, ниту за околината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Assy_Mo

Нов член
2 јуни 2015
6
1
3
33
„Vetacid„течност(иста како млеко),мислам дека се ставаше 4ml од течноста,во 5l вода,и стави си во шише со прскалка.Нема проблем и да се лиже,наменето е за топлокрвни животни.
Фала ти многу, а каде можам да ја најдам оваа течност?
 
Assy_Mo

Нов член
2 јуни 2015
6
1
3
33
Само ке го измалтретирате кучето со тие медицински птрепарати од ветеринари и аптеки, ништо од тоа не е сосема безбедно. Најдобар лек за вакви и слични паразити е да го избањате со разреден оцет (јаболков), а може и со сок од цеден лимон. Бубачињата ке избегаат а и не е штетно ниту за кучето, ниту за околината.
Фала ти многу за советот, веднаш ќе пробам па ќе споделам каков бил ефектот!
 
Assy_Mo

Нов член
2 јуни 2015
6
1
3
33
Знам дека кучето на другарка ми имаше еднаш ваков проблем. Го однесоа на ветеринар и му дадоа една течност или шампон што се раствара во вода за да го избањаат. Потоа им рекле да поминат неколју дена и да му стават некоја ампула против болви, крлежи (нешто на ф беше) и кучето потоа си немаше никаков проблем.
А една соседка знам дека раствараше оцет во вода со лук и го премачкуваше, потоа ни бубачки ништо немаше. Е сега колку е безбедно со оцет со оглед на тоа дека се лиже по телото не знам.
Фала ти, јас и со шампони и со незнам се какви течности не пробав, ништо. Сега ќе пробам со природниве лекови
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Абе одговорот ти го дадоа погоре,зошто си упорен до толку.

појди си во аптека и купи Неопетроит 70 денари е мислам. И напудри го цело
Крлежи болви и слични надворешни паразити се лесни за отстранување а сака и претпазливост оти се пренесуваат низ домот.

Кучето ќе мораш да го чуваш надвор или во некоја просторија кај што нема луѓе, движењето да му биди ограничено додека трае отстранувањето на крлежите.Со нив е мачна работа ако знаеш што правиш. Наједноставен домашен совет за ова е најпрво да го искапиш а потоа со пинцета буквално целото да го пребараш и кај што има крлеж ќе го отстрануваш.Многу битна работа - гледај некое видео на јутуб има точно како да ги отстраниш,оти може дел од крлежот што е закачен во кожата на кучето да остани внатре и да јави инфекција иако по природен пат треба да се отстрани.Со пинцетата ќе гледаш што подлабоко да зафатиш кај крлежот а потоа внимателно тргај да се откачи. Откако ќе го исчистиш комплет од крлежи, искапи го со шампон,испрскај го со прашокот и не го пуштај дома барем 2-3 дена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: iksyrium