Последна песна за Скопје или ни Валтер неможе да го одбрани Скопје

Скопски Солидарец

Староседелец
18 јули 2012
58
47
1,018
Скопје
skopskisolidarec.blogspot.com
Скопје се гради со трговски и згради.
Не е згодно да се гради на Водно.
Јака ми фора да се копа и ора.
А јаден народ само гледа мисли дека така треба.
Како да му се објасни градбите се опасни.
Скопјани се потат згради док се котат.
Живот ко у микровална па ни фали триумфална,
Ќе треба да рушиме за да не се гушиме.
У г**на сме до коленици поради споменици,
Мене ми се сите исти можда се и бисти.
Прекрасни пејсажи на катни гаражи,
Шарене лажи за градски плажи,
Бродови, мотели, фонтани и хотели,
Ко у други метрополи ни фалат бордели.
Cите у марици што даваат маркици,
Удрете со палици на луѓе со каприци.
Сумњиви Рокфелери градат облакодери,
Kвази инвеститори како конквистадори.
Иде како спахија урбана мафија,
Ко огнена стихија со сумњива биографија,
Да шири автархија што води кон анархија.
Крими кланови усвоија урбанистички планови,
Изградија станови па трљаат дланови.
Плацови купија поштено не издупија,
Добро профитираа што не бетонираа,
Што наумија реализираа, дивоградби легализираа,
Потенцијални жаришта за нови градилишта,
Да можат апашишта да дигаат зградишта.

Ни фали Валтер да им јебе матер,
За наша атер да им преседне малтер.
Ко згазено снопје „Дас ист Скопје“

Доаѓа по освета пуста пара проклета
Испишана со посвета - за народна просвета

Ич не ме радува Скопје се загадува,
Плуќа да не тагува чекаме да задува.
Отвараат ратишта со мојте дишни патишта,
Газди сељачишта не трујат ко манијачишта.
Шмркаме маглишта како наркоманишта,
Оџаци без филтери не демнат ко шинтери,
Не трујат ко кучиња се кљукаме со апчиња.
Не фаќа траума од изгорена гума,
Бараме суштина у дишење прашина,
Се гледа од висина загадена околина.
Не е естетички што голтаме честички.
Се затвараме херметички од бараби неетички,
Од полошо бетер што се пушта у етер.
Фатени на орово си дишеме олово,
Поради гнаси и злотвори што испуштаат отрови.
Од коли и мотори пандорина се отвори,
Све сами асови за издувни гасови.
Никел, жива и силикати,
Оксид, сулфур и нафтени деривати,
Опасен ко гром шестовалентен хром.
Да стававме акценти на хемиски елементи,
Ќе немавме афинитети кон смрдливи амбиенти.
Губиме енергија деца со алергија,
Не фаќа летаргија кон све аверзија.
У познат стил не труе Макстил,
Како садист се понаша Охис,
Почвата рокта заради Окта,
Удри по стока со усрана мотка,
Ќотек сто ока али нација кротка.

Кај си Валтер да им ј***ш матер,
Ни треба фајтер МАДАФАКЕР.
Ко покосено снопје паѓа наше Скопје

Доаѓа по освета пуста пара проклета
Испишана со посвета - за народна просвета

Не ме развеселува Скопје се пренаселува.
Кој е тој гад што го направил отворен град.
Се е чемер и јад после акција село-град.
По малку несвесно ни станува претесно,
Не вреди нема место ни за велосипеди.
Опозиција, позиција у сложна коалиција,
Резултат провинција за нивна бенефиција.
Док глумат колизија наплатија провизија.
Луѓе без визија висат на телевизија,
Нивен афродизијак е кога шират хипокризија.
Најголеми шупаци станаа стручњаци,
Глупаци и недоветни ни делат совети.
Дудуци со амбиции и непотребни егзибиции,
Без предиспозиции зафатија позиции.
Поранешни кметови напунија џепови,
Крволочни песови станаа шефови,
За сопствени ќефови отворија сефови.
Сељаци и копуци соблекоа опинци,
Ко лопови по олуци се качија на облаци.
Мајмуни прости ми облекоа костими,
Ставија кравати живеат од камати,
Со мизерни плати не делкаат на рати.
Пробушени куртони, увлакачи и полтрони,
Издишани балони, втори ешалони,
Буљаши и педери разграбаа тендери.
Сака да команда распашана банда,
Бедна и јадна за пари гладна.

Ајде Валтер да му ј***ш матер
На секој жонглер и хоштаплер
Ко врзано снопје немоќно е Скопје

Доаѓа по освета пуста пара проклета
Испишана со посвета - за народна просвета

Скопје има тешка мана лева десна страна,
Одсечено стопало пиши брате пропало.
Дајте ми опора у оваа урбана попара,
Душа да се раздрма дај да видам калдрма.
Док чекаме промени живееме од спомени,
Кога биле стопани старите Скопјани.
На слики свршаваме, проблем не решаваме,
У гради се маваме и рука даваме.
После хоророт, одвеани со вихорот,
Без многу кукање, еден минут ќутање
Кај си Валтер да ни ј***ш матер,
Народ без карактер завршава у кратер
Знамиња на пола копје тука некад било Скопје

Дојде по освета пуста пара проклета
Непоправлива штета после таа посета

Си беше еднаш еден град...

...ОД БЛОГОТ НА СКОПСКИ СОЛИДАРЕЦ
 

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Со премногу стихови се сложувам само се прашувам каде е чарето.