Последен гледан филм со рецензија | Црнобело Форум

Последен гледан филм со рецензија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
The Call (2020)

Не холивудскиот со Хали Бери, туку корејски.
Обично од корејски филмови не спијам после пошто се престрашни (од The Eye ко мала спиев со запалено светленце во соба со месеци), ама овој беше повеќе suspenseful отколку хорор.
Настаните се одвиваат паралелно во 2019 и 1999 во истата куќа, каде две девојки (едната од минатото, другата од сегашноста) се поврзани преку телефон и така дознаваат дека еднава ја има моќта да ги смени настаните за другава во иднината. Но, како и секој хорор, она што почнува ко наивно пријателство и помош, преминува во опсесија од која тајмлајнот со настани се менува неколку пати пред да дознаеме како стигнало до она што се случило денес.

Филмот трае скоро два часа, ама не ги ни сетив, ниту пак паузирав или станав, што правам само кога нештото едвај чекам да го изгледам. Дефинитивно би го препорачала.
 

Ruze03

Нов член
16 декември 2021
28
12
3
Можам да предложам добри серии
Game of thrones
The witcher, See ,Chapelwaite
Од филмови Red notice , Boy called Christmas
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
I Am Not an Easy Man (2018)

Троа шовинистички настроен маж се удира со главата во знак, па откако се освестува, се буди во свет каде улогите се сменети и жените доминираат на секое поле. Ми се допадна пошто ништо не е преувеличено, туку се опфатени сите стереотипни (но и точни) однесувања во нешто помалку од два часа. Баш интересен француски филм за тоа како би било кога мажите би живееле во женски свет. :)
 

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
80
70
318
Потрага по среќа (The Pursuit of Happyness)

Главната улога ја има Вил Смит и го глуми ликот на Гарднер, еден продавач којшто од време на време останува без кров над глава, но потоа станува брокер. Според мене филмот е доста мотивирачки и во себе ја носи пораката дека со труд и желба може да се постигне невозможното без разлика на големиот број на пречки кои ќе ни се најдат на патот до нашата цел.

pdf1630143701.jpeg