Ако ме прашуваш мене, и двата ми се преценети телефони наменети повеќе за петелење отколку користење на капацитет и функционалност, но претходно ти ги објасниле добрите и лошите страни на секој, па твое си е. Не да ти солам памет, но на твои години не ти ни требаат толку набилдани телефони зашто апликациите што 14 годишно дете ги користи, можеш да ги добиеш и со три-четири, па и повеќекратно поевтини телефони.
Еве јас користам Alcatel One Touch Idol, кој, како Андроид уред, комотно парира на Галакси во перформанси (па и на изглед е цакум-пакум скоцкан), а е со трипати помала цена пошто не е експониран модел.
Туку, друго ќе пишував. Малку ми се сомнителни цените. Најди некој што се разбира, да не ти шитнат за таа сума кинески производства ни пет пари што не вредат. Вујко ми го беа закрпиле така со (демек) Ајфон 4С за чиј изглед рака во оган човек би ставил дека е оригинал, но имаше многу работи што го издадоа, а кои понеискусен тешко би ги приметил. Истиот тој „Ајфон“ го препродадов за 5000 на преварант што гарант си нашол жртва.
Your call, како и да е.