Помош при патување

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Дали кога патувате имате обичај да помагате, на оние на кои им треба помош, гума, или слично, или си терате се до вашата дестинација, или цел на патувањето?
Дали вас ви помогнале?

Летото е во полн ек. Прде да заминете на вашата омилена дестинација дознајте како треба да се однесувате кога патувате со авион, воз, автобус или автомобил
* Ако патувате со авион, внимавајте на неколку основни правила. Почитувајте ги сите упатства кои ви ги дава стујардесата. Ако станувате во текот на летот и одите до тоалетот, внимавајте да не газите по чевлите или работите на останатите патници.
* Во текот на летот не јадете ја храната која сте ја купиле на аеродромот, особено не сендвичи со интензивен мирис, што може да им сметаат на вашите сопатници.
* Ако гледате филм во текот на летот, воздржете се од емоциите. Немојте гласно да се смеете или да го коментирате филмот. Ако слушате музика, нека биде онолку гласно само колку вие да слушнете.
* Не го форсирајте разговорот со вашиот сосед. Ако ви е до муабет, прашајте го некое општо прашање. Ако добиете сиромашен одговор, не продолжувајте да прашувате.
* Ако патувате со воз , седнете на своете место. Ако имате место за стоење, внимавајте да не паднете врз останатите патници ако возот закочи.
* Во текот на возењето со воз или автобус избегнувајте го телефонирањето. Исклучете го ѕвонењето на мобилниот и јавете се само ако очекувате некој многу важен повик. Комуникацијата сведете ја на минимум.
* Во воз или автобус избегнувајте употреба на дезедоранси или парфеми. Спрејот може да им смета на останатите патници.
* Ако патувате со автомобил, прилагодете се на ритамот на возачот. Не барајте да вози брзо или споро, и не му кажувајте дали може да претркува со автомобилот.