Помош за чичко Драги

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Сакам за жал утрински да го изразам својот револт спрема, да не бидам политички сфатена државата, установите, законите, неетичкото однесување или не знам веќе што се.
Револтот мој е насочен на една тажна животна приказна која секој од нас ја носи, но сепак оваа приказна се разликува од многу нас.
Вчера во попладневните часови беше повикана полиција и шинтери на една индивидуа која е толку присутна во нашите животи, а сепак толку незабележлива. Верувам дека секој од вас кој го видел го одминал и заборавил, а го одминуваат веќе 30 години.
Се работи за чичко Драги кој со децении стои на едно исто место. Постарата генерација го памти по тезгата која на времето имаше најголем асортиман на шнолички, штипки за коса и секакакви додатоци каде што никаде не се наоѓаа.
Е, тој чичко Драги кој со децении стои до МекДоналдс на самиот премин.. . се сеќавате, нели.
Чичко Драги нема драги мои ништо… сега има само 2-3 пакетчиња паломи, весници и животни кои му се живот. Живее во трошна куќа, без топлина, без семејство и без корка леб. Живее од 10 денари дневно и милостина која ќе му биде подадена. Живее со бездомни кучиња кои му се радост и живот. Животни кои се толку питоми и послушни и со кои ја дели секоја корка леб.
До тие паломи и по некое весниче седеше и една кутија за донации на Анима Мунди во која граѓаните можеа да донираат за животните. Таа милостина беше наменета за чичко Драги и неговите животни.
Револтот ми е што на најсуров начин беше буквално нападнат од полицијата и шинтерите на нечија дојава на граѓанин кој изгледа нема попаметна работа во животот. Чичко Драги трчал и криел куче по куче за да не заврши во Вардариште, место кој ни на најголем душман не би му го посакале.
Чичко Драги заработи казна од 6,000 денари и целата трошна стока заедно со кутијата за донации му беше одземена. Остана без ништо. Да, ќе речете како и секој ден… ама казнет затоа што спасувал животи? Или заработува за корка леб? Од толку криминалци кои се шетаат слободно и прават страшни малверзации им засмета еден толку мал човек.
Среќни сме што кога си одиме дома влегуваме на топло, имаме топол ручек, имаме фамилија со која разговараме и работа на која се посветуваме.
Апел до сите вас кои најдовте време ова да го прочитате.
Доколку ви се наоѓа во ова кризно место работа како чувар или било што што би можел чичко Драги да го работи, доколку имате вишок 10-20-30-40-50 денари да се донира,да се пријави во институција некоја, новинарска куќа, ТВ станица како што се собира за сите да се собере и доброволен прилог за него би ви била бескрајно благодарна.

Можеби сум себична што најдов време за него да пишам, никој не треба да се остави без внимание, на никој не му е сјајно… меѓутоа ова е чичко Драги, присутен во јавноста веќе 30 години…

Н.Ј.М.
Доколку сакате да донирате и да му помогнете на чичко Драги, истото можете да го сторите на оваа сметка која е отворена од здружението за заштита на животни Анима Мунди.

превземено од brif.mk

320920_480368072019436_747208641_n.jpg

Живееме во едно време- невреме! Кога во очајна потрага по профит сме заборавиле на хуманоста. Се повеќе ЛУЃЕ и ЖИВОТНИ завршуваат на улица, фрлени од општеството како ѓубре!

Среќа тие- бездомните нашле начин да се грижат едни за други со она малку што го имаат, љубов и трошка леб. Чудно како човекот што нема ништо- секогаш има што да даде...

Чичко Драги е само уште една приказна на суровата денешница кој во џебовите и фрижидерот нема ништо- ама има полно срце ХУМАНОСТ! И вчера истиот тој возрасен човек кој минал којзнае колку тешкотии плачеше како мало дете кога ја виде сумата на паричната казна која му беше врачена од властите.

Анима Мунди НЕ МОЖЕ да молчи кога се казнува човек кој многу пати ни помогнал токму нам. Нашиот адвокат веќе работи на појаснување на случајот, Како, Зошто и Дали власта била Праведна кога побарала пари од човек што нема леб!?

Секој оној што може и би сакал да му помогне на Чичко Драги ве молиме донирајте макар и скромна сума на сметката долу. Сите пари што ќе се соберат, ЈАВНО ЌЕ МУ СЕ ДОДЕЛАТ ТОКМУ НЕМУ, а ние ќе ги објавиме и имињата на сите оние кои донирале!

КОЛКУ ВРЕДИ СЕКОЈА НЕГОВА КАПКА СОЛЗА!?

https://www.facebook.com/photo.php?...76718242.38822.166688476720732&type=3&theater
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Жалосно...Кога и да поминам од таму секогаш купувам ханзапласт,палома или стегачиња,иако не ми се потребни, за него многу значат тие 20-30 денари што ќе му направам промет,за мене се ситница..:|
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ги мразам овие моменти кога на секој надлежен што си го шири газот во фотелја, би отишла и би му плукнала во фаца. :banghead
Убаво што имаат жиро-сметка, и така овие денови треба да уплаќам за осигурување, ќе одделам некој денар и за ова.
*во продолжение следат безброј пцовки што не доликуваат на една девојка*