Помош за Ѓокица Величковиќ

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Во години кога тебаше најмногу да се радувам на Животот со сите негови убавини и предизвици,како на приватен така и на професионален план,јас се соочив со сериозни здравствени проблеми . Борбата за највредното и најскапото нешто ЗДРАВЈЕТО јас ја започнав. Но за да ја продолжам оваа борба ,имам недостаток на парични средства. Имам само 21 година, се викам Ѓокица Величковиќ и потребно е да се изврши трансплатација на коскена срцевина во Германија. Самата трансплатација чини 175.000 евра+ трошкови за придружба, од кои Фондот покрива 80%, а 20% се на товар на пациентот- семејство.

Ги молам сите хумани луѓе како и правни лица застапувани од хумани луѓе да ми помогнат што побрзо да заминам за Германија и да продолжам во иднина да чекорам со сите ВАС.

Од мое лично име како и од име на моето семејство однапред се заблагодарувам на сите оние кои ќе донираат со вртење на следните броеви

Т-mobile 070 143 107
ONE 075 143 700
VIP 077 143 700


или со уплата на следната жиро сметка

300001000021827 Комерцијална Банка АД Скопје
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_melnicanecot