Поздравување | Црнобело Форум

Поздравување

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
*Поздрави ја сестра ти*
*Те поздрави братучед ми*
*Поздравете ги Петра и Смиљана*
*Те поздрави Мара на Сандета. - Ај мор што збориш?! И ти да ми ја поздравиш најмногу*
*Поздрави ја*
*Ве поздравува*
*Поздрав до сите*

Од кога датира овој гест на поздравување?
Што претставува овој гест? почит кон некого? дека мислиме на таа личност? Што?
Што укажувате со тоа кога праќате поздрав за некого? истото погоре или што?
Како реагирате кога некој ве поздравил?
Како го толкувате испратениот поздрав до вас? дека испраќачот вас ве почитува? дека мисли на вас? дека ве сака? дека сака да има секс со вас? ( :zelen )
Дали и кај другите народи постои овој гест?
Мислам дека само кај јужнословенските народи се среќава. Или не, м?

Ваши коментари у вези поздравуењево?


Поздрав4е .. киѕѕ :)
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
431
886
1,103
Eх да могу послати јој сузе, сузе би јој рекле све...

Практикувам поздравување, сакам да слушнам дека некој ме поздравил лично... Кога ќе се изгуби поздравувањето ќе с еизгубат и контактите со личностите со кои и баш не се гледаме во 4 очи често...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Eх да могу послати јој сузе, сузе би јој рекле све...

Практикувам поздравување, сакам да слушнам дека некој ме поздравил лично... Кога ќе се изгуби поздравувањето ќе с еизгубат и контактите со личностите со кои и баш не се гледаме во 4 очи често...
Хмм, а оние кај кои не постои поздравувањето? Како тие ги одржуваат контактите?
На кој начин се ’’поздравуваат’’ луѓето во светот? Или тие имаат некоја друга навика, слична на поздравувањето?
Како на англиски или германски се вели ’’поздрави ги’’, ’’те поздрави’’?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Не поздрави сите како што си оди редот,а на кој што му мислиш со поздравО,ни остави да си претпоставуваме.
:zelen Ова само смајлито го ставив колку да покажам како се насмеав,не алудирав на ништо.
Се си зависи кој те поздравил,по кој те поздравил,со што те поздравил,по кој пат те поздравил......секој случај засебно се проценува зошто е и каков е поздравот.
Незнам од кога датира.
Некогаш реакцијата за поздравот ти е воодушевувачка колку за куртоазија,а некогаш пак ти иде да си летнеш од кожинката што те поздравиле ама реагираш ноншалантно.
Јас нема да ги поздравам тие удолу.Од кај знам кој се ке се изнареди.
Поздрав. м?
мирослав посебно ја разнежни темава. м? :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and Lady*

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Се надевам дека ќе улета на форумов некој антрополог или поупатен да објасни.
Многу ме интересира од кога потекнува гестот на поздравување, дали го има кај другите народи низ светов, и доколку го нема дали постои нешто слично на тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Тоа поздравувањето е некој вид штедење енергија, време и пари..
Пример, наместо да зеам јас сега, и да возам до казиното во гвг, ќе пуштам некој гулаб писмоносец - чашит, да ми ја поздрави melpomena со песната на црвена јабука..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Од кога постои поздравувањето не знам ни јас, ама дали постои кај другите народи - мислам дека постои кај повеќето. Еквивалент на македонското „Поздрави го/Поздрави ја“ во англискиот јазик би било "Tell him/her I said HI" или "Say HI to him/her for me". Во шпанскиот би било "Saludalo/Saludala de mi parte" (или "Saludamelo/Saludamela" што би било „Поздрави ми го/Поздрави ми ја“).

Кај нас за сè шо треба и шо не треба се користи. Сепак мислам дека главната цел на поздравувањето е да му дадеш до знаење на некого дека не си го заборавил/дека мислиш на него.
Пример: одиш по улица и среќаваш другар/другарка „Каде вака? Еве до кај *random name*. Ејјј да го/ја поздравиш многу, одамна не сум го/ја видел/а.“ (Фала Богу не ќе поздравувам некој со кој што сношти сум пиел кафе.)

(wave)
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,915
393
Fukushima
www.gonzo.com
Хмм, а оние кај кои не постои поздравувањето? Како тие ги одржуваат контактите?
На кој начин се ’’поздравуваат’’ луѓето во светот? Или тие имаат некоја друга навика, слична на поздравувањето?
Како на англиски или германски се вели ’’поздрави ги’’, ’’те поздрави’’?
На англиски се вика say hello to... (my little friend :D) или say hi to your mother for me :kafe a на немачки не знам брат ми од Немачка не ме поздравува. Али мислим постои поздравување кај сите ма да кај нас на Балканот повеќе се практикува тоа, и тоа зависи од личноста која те поздравува или ја поздравуваш, на пример ако е пријател кој долго време не сте го виделе тоа е знак на поштовање као еј брат не сме се виделе долго јебига како си шо праиш дај да пиеме по една ракија, пиво, а ако личноста е бивш љубавни партнер тогаш значи дека праќате или ви праќаат сигнал за да се видите и да праите нешто пак, кафе, ово-оно, а може и да не е бивша туку некој/а шо не можете да ја начекате и да му/и се пуштите па преку трето лице пуштате сигнал дека треба малце да мрдне работата, а може и да пратите или добиете поздрав на пример со некој што имате нерасчистени сметки или пак му дужите пари и кога пренесувачот на поздравот ќе ти каже те поздрави тој и тој ти одма знаеш дека поздравувачот сака да каже „џабе се криеш ќе те начекам ќе тибам мамицата твоја“ и тн. Или пак со некој другар кога се поздравувате односно сте биле заедно и заминувате секој по дома и ќе му кажеш Поздрави ја мајка ти, сестра ти и сл, и за возврат обично добиваш пцовка од другарчето или пак ти возвраќа со сличен поздрав, али тоа е друг поздрав чисто другарски кој обично не се пренесува спрема поздравената личност.
Бидете ми поздравени и поздрав до вашите дома