Пожари низ територијата на Македонија | Црнобело Форум

Пожари низ територијата на Македонија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,768
7,292
1,153
Big Sur
Мислам дека не треба вовед бидејќи и врапчињата знаат дека (посебно) вчера цела држава почна да гори на различни места, а најпогодено беше Кочани, каде огинот стигна до самиот град. За среќа, успеале да го изгаснат пред да почне да пустоши и таму.

Знаеме дека не се ништо ново овој период и дека целиот свет е зафатен од суши и пожари (запомнете, глобалното затоплување е масонска лага, нАли), но не можам да не спомнам и дека (не)човечки фактор имаше огромна улога вчера, барем зборувам за Куманово.
Имено, тука под пламен беа некои од најпосетуваните излетнички места, а причината е што нашите сограѓани не знаат да си го соберат ѓубрето и распалуваат скари сред шума, на 40+ степени и силен, врел ветер. ПатриЈотизмот не смее да трпи. На Ѓоко од Зубовце му се сонило дека Делчев сака шарска за душа и шта се мора - мора се.

Тоа што освен самосвест немаме и доволно пожарникари, возила, хеликоптери, итн., па просиме од соседи, е само плус.
Да не ги заборавам и дрвокрадците и овие што палат ѓубре секој ден по полјанки и сме навикнати од прозори да гледаме како гори кон селата (т.е. и во сам град има тука) и самите мештани се трудат да фатат кој го прави тоа, но неуспешно...
Значи многу фактори за помалку зеленило, малку (читај: нула) решенија.

Сега кога штетата е направена (додуша на некои места уште гори), што ќе правиме со сета изгорена шума? И така немаме многу чист воздух по територијава, ова дојде ко капак.
Лично, навистина би се вклучила во акција за засадување дрва напролет пошто уште поцрно ќе ни се пише без зеленило. Сега ни треба „Недела на дрвото“, не ден.
Студио?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,230
5,748
1,683
Disco
Хунзи, секое лето ги изненадуваат пожари. Сега наводно имало пиромани кои палеле огнови за да доживеат сексуален климакс, ама без разлика на причината при 200К државна бирократија и милијарди евра секоја година човек би помислил дека секој можен агол е покриен, кад тоа не, пожарникарските камиони се просек од 1968 а авиони нема ни за лек.

Друг проблем е глобален, а тоа е што не постои специјализиран авион кој би ги заменил Канадерите (ЦЛ-215 и 415) кои со модернизации веќе 60+ години се основни авиони за борба вс. пожари. Несфатливо е во денешен свет да нема нивна замена, тоа е технологија од WW2, треба меѓународна соработка за некаков проект за огромен хидоавион кој би носел по 200.000 литри вода во еден налет, технологијата веќе постои одамна но никој не се нафаќа на тоа поле.
Мал зрак надеж беше е рускиот Бериев Бе-200 кој се употребува во Русија но и со тој хидроавион не е исполнет потенцијалот на денешната технологија.
Треба еден шестомоторен гигант кој со 3-4 налети би гаснел све. Има авионски компании кои имаат искуство, има луѓе кои конструираат хидроавиони, не знам кој е проблемот.




Не мора секоја земја да има по себе, можат неколку да имаат една ескадрила која заеднички ќе ја одржаваат пошто пожарите не знаат за граници. При имање три езера од кои може да полни вода и полетува и слетува голем хидроавион тоа би била голема предност.

Но, тоа е во доменот на...не знам што. Тупавоста на политичарите на сите меридијани, далеко им лепа куча.
Шуми за кои требало векови да израснат сега исчезнуваат за пар денови.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,768
7,292
1,153
Big Sur
Од Дојранско за една нива би имале да изгасат секако, али подобро и тоа отколку ништо. :zelen

Многу мајтап удрија со едно возило Шилегов што го беше пратил во Кочани мислам, а сирото сигурно е некаде од 60-тите. Успеав слика да најдам, на видеото уште посмешно е како се тресат сите делови и чудо е како стигнало дотаму во еден дел со 4 kph. Со што гасело ова бе? Со 'рѓата внатре?
1628186744364.png

Читнав низ Твитер демек привеле 3-4 пиромани, ама тоа е сепак Твитер, вака не можам да најдам официјална информација.

Едит: Најдов, за во Грција била веста.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,768
7,292
1,153
Big Sur

И што болест е ова?
Не знам ни дали е полошо што пали или, ако е негово видеото, користи ТикТок на 34 години...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,230
5,748
1,683
Disco

И што болест е ова?
Не знам ни дали е полошо што пали или, ако е негово видеото, користи ТикТок на 34 години...

Сексуално се возбудуваат при поглед на огнови, пиросексуалци :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra