Мислам дека не треба вовед бидејќи и врапчињата знаат дека (посебно) вчера цела држава почна да гори на различни места, а најпогодено беше Кочани, каде огинот стигна до самиот град. За среќа, успеале да го изгаснат пред да почне да пустоши и таму.
Знаеме дека не се ништо ново овој период и дека целиот свет е зафатен од суши и пожари (запомнете, глобалното затоплување е масонска лага, нАли), но не можам да не спомнам и дека (не)човечки фактор имаше огромна улога вчера, барем зборувам за Куманово.
Имено, тука под пламен беа некои од најпосетуваните излетнички места, а причината е што нашите сограѓани не знаат да си го соберат ѓубрето и распалуваат скари сред шума, на 40+ степени и силен, врел ветер. ПатриЈотизмот не смее да трпи. На Ѓоко од Зубовце му се сонило дека Делчев сака шарска за душа и шта се мора - мора се.
Тоа што освен самосвест немаме и доволно пожарникари, возила, хеликоптери, итн., па просиме од соседи, е само плус.
Да не ги заборавам и дрвокрадците и овие што палат ѓубре секој ден по полјанки и сме навикнати од прозори да гледаме како гори кон селата (т.е. и во сам град има тука) и самите мештани се трудат да фатат кој го прави тоа, но неуспешно...
Значи многу фактори за помалку зеленило, малку (читај: нула) решенија.
Сега кога штетата е направена (додуша на некои места уште гори), што ќе правиме со сета изгорена шума? И така немаме многу чист воздух по територијава, ова дојде ко капак.
Лично, навистина би се вклучила во акција за засадување дрва напролет пошто уште поцрно ќе ни се пише без зеленило. Сега ни треба „Недела на дрвото“, не ден.
Студио?
ЦУК: Пожари низ цела држава, најкритично во Кочани - Слободен печат
Центарот за управување со кризи информира дека на територијата на цела држава има неколку огнени жаришта. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како што информира ЦУК, пожарот во Кочани е сосема до куќите. – ТППЕ Кочани се наоѓаат на терен како и екипа од ТППЕ Виница со 2 ПП мв и 4...
www.slobodenpecat.mk