Подземни пештери, реки и езера

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Тука пишувајте занимливости, новости и слики и видеа од подземните пештери, реки и езера кај нас и низ светот.

Еве некои подземни езера и реки низ светот.

Откриена подземна пештера и езера во Сплит
Голема подземна пештера длабока најмалку 15 метри е откриена во улицата “Мажураничево шеталиште“ во Сплит. Откриени се и две езера и бројни тунели кои што ги истражуваат членови на Спелеолошкото друштво “Шпилар“ и членови на Горската служба за спасување на чело со Стипе Божиќ.

Пештерата е откриена кога во средата се срушил дел од асфалтот на паркинг и граѓаните ги известиле надлежните служби дека под тоа се наоѓа голема дупка. Дел од асфалтот кој се срушил е со големина во кој без проблем може да влезе автомобил. За среќа, тогаш на патот не поминувале деца, бидејќи дупката е оддалечена само 50 метри од основно училиште. Во неа прв влегол претседателот на Спелеолошкото друштво “Шпилар“, Тончи Раџа.

“Ова е неверојатен феномен. Доле се наоѓаат две големи подземни езера, а има и многу тунели кои завршуваат кој знае каде. Дел од нив се природни, а дел се направени од човечки раце“, рекол Раџа.

Постарите станари од околните згради велат дека тука некогаш имало каменолом, а некои тврдат и дека станува збор за древно скривалиште иако не се знае од која војна. Еден од станарите рекол дека тука од многу одамна се наоѓа извор на подземна вода.

Постојнска јама (Словенија)

Лавиринт во карстни

Една третина од територијата на бивша Југославија е покриена со карстни. Од Триглав па се до Албанија, на целото подрачје се наоѓаат преку илјада пештери, долини и заливи. Бескрајните ходници дебели од по 300 метри, во себе ги впивуваат површинските води.

Цели реки исчезнуваат во карстините, под земјината површина. Постојнската јама настанала благодарение на реката Пивкс која навлегла во внатрешноста на карстинот. Водата која што содржи варовник создала фантастичен лавиринт. Столбовите и завесите, сталагмити и сталактити, создале преубави сали и холови. Околу 23 километри се веќе истражени, но сепак постојат уште многу скриени тајни во Постојнската јама, една од најголемите во светот. Името на салите во Постојнската јама: “Површински свет“, “Катедрала“, “Рајска пештера“, Сала за танцување“.

Во “Конгресната сала“ заседавале истражувачите, а во “Големата сала“ можете да видите риби со човечка големина и видови на водоземни животни кои никогаш немаат видено дневно светло.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Откриената најдолгата подземна река во светот

МЕКСИКО СИТИ - Нуркачите во пештери на мексиканскиот полуостров Јукатан ја открија најверојатно најдолгата подземна река во светот која поврзува два пештерски система со воден пат во должина од 154 км. Група странски нуркачи што ја истражуваа областа во близина на карипското одморалиште Плаја дел Кармен се' уште не ја именувале реката, но се верува дека би можела да е поврзана со два други воени система, дополнувајќи ја својата должина со над 200 км.

Пред откритието, подземната река Палаван на Филипините и виетнамската река Сон Трач се натпреваруваа за рекордот за најдолга подземна река во светот.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Една од најдолгите пештери во Македонија..Бела Вода кај Демир Капија




F69FF6591C7FF443A49CF18325BB286C.jpg



Убавините на Демиркаписката Клисура претставуваат вистинска атракција за туристите кои се вчудоневидени од творештвото на природата, прекрасните карпи, кањонот на Иберлиската Река која се влева во реката Вардар, прекрасната флора и фауна. За развојот на туризмот секако придонесуваат природните раритети на овој регион, односно спелеолошките појави кои се создадени во варовничките маси на клисурата. Во Демиркаписко има голем број пештери. Беловодица, Горни и Долни Змејовец се само дел од бисерите на овој крај кои на тамошното население им се добро познати, но сепак не се доволно истражени и понудени како туристичка атракција.
Една од најпознатите и најдолга во овој крај е пештерата Бела Вода или како уште ја нарекуваат Беловодица. Се наоѓа од десната страна на реката Вардар на само неколку стотици метри низводно од Демир Капија, односно
околу 300 метри по стариот тунел и пат за Гевгелија, веднаш под карпите кај патот. Влезот во пештерата многу тешко се воочува бидејќи е речиси хоризонтален. Всушност самиот влез таков како што е денес, не е природен туку е „ископан“ 2 м вертикално во земјишен насип на кој е изграден стариот пат и железничката пруга. По спуштање до некогашниот вистински природен влез на пештерата, се минува 10-тина метри низ тесен канал, а потоа се поминува низ стрмен сифон чие дно во врнежлив период обично е под вода. Натамошните неколку стотици метри се речиси хоризонтални или благо се издигнуваат кон крајот на пештерата и не се тешки за поминување доколку се има соодветна опрема. На одредени места овој т.н. Долен канал се проширува во вид на пештерски сали-галерии или нагло се стеснува. Особено е интересна Големата галерија која претставува продолжение на главниот канал и е покриена со блокови, а на самиот таван се гледа пукнатина по која се врши природно распукнување и сурнување на варовнички блокови. На крајот од овој канал се наоѓа езеро долго 8 м, широко 5 м, а длабоко 3-6 м, во зависност од врнежите на површината. За разлика од долниот канал во кој се среќава пештерски накит (особено при крајот на пештерата), во горниот, пократок канал нема такво нешто бидејќи е млад по својот постанок, а по дното има песоци што укажува на повремен водотек во пештерата.
EzeroBv-300x226.jpg

Вкупната должина на двата пештерски канали на Бела Вода изнесува 955 м и до пред десетина години се сметаше за најдолга пештера во Република Македонија. Од фауната во Бела Вода особено има лилјаци, разни видови на пештерски пајаци и други инсекти. Во сифонските делови на пештерата се јавуваат повремени езера. Создадена е со карстна ерозија во варовнички карпи со јурска старост, односно карпи стари околу 160 милиони години. Пештерата Бела Вода е посетувана од студентите на Институтот за географија, спелеолози и месното население. Неодамна имаше интерес за вештачко проширување и „преуредување“ на влезниот дел од пештерата, со што би се изгубила автентичноста на овој интересен спелеолошки објект. За таа цел, Бела Вода е ставена на листата за прогласување на заштитено подрачје.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo