Подводна авантура во Дубаи

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Екстравагантните луксузни градби отсекогаш биле предизвик за годишен одмор во Дубаи, но овој пат Обединетите Арапски Емирати подготвуваат неповторливо изненадување за своите посетители.
Новото чудо на модерната архитектура и океанска технологија е луксузниот хотел под вода „Water Discus“. Групата на иноватори зад полската компанија се состои од инженери, научници и архитекти, кои се решени да го претворат сонот на туристите во јаве. Тајната на окенаските длабочини наскоро ќе ве опкружува за време на Вашиот престој во “Water Discus”.
Обожавателите на егзотичниот подводен свет со нетрпение го очекуваа големото отворање на овој луксузен хотел, кој ќе биде совршена идеја за романтично летување, полно со авантури.
dub1.jpg
Хотелот е составен од два главни диска, и тоа едниот над површината на океанот, а вториот 10 метри под вода. Таквата комбинација ќе им овозможи на гостите да им се воодушевуваат на длабочинита и мистериозноста на океанот, додека ја користат максимално топлата клима. Подводниот хотел вклучува и ресторан, спа центар и импресивен затворен базен, кој минува низ центарот на дискот.
dub2.jpg
Во солената морска вода, љубителите на нуркањето ќе имаат можност да се нурнат во специјално направен базен над водата, со неверојатни стаклени тунели, кои ќе го сечат затворениот базен.
dub5.jpg
Егзотичната ботаничка градина, пак ќе обезбеди неповторлива релаксација, по пливањето во неверојатните базени или уживањето во дневните активности кои ги нуди хотелот, меѓу кои се и курсевите за нуркање и пилотирање.
dub3.jpg
Подводниот дел на хотелот ќе вклучува 21 хотелски соби, секоја со специјално осветлување кое ќе им даде можност на љубопитните посетители да ја истражуваат детално флората и фауната под површината на морето.
dub4.jpg
Она што е сигурно е дека овој луксуз ќе стане еден од водечките хотели во светот.
dub6.jpg
dub7.jpg
dub8.jpg
dub9.jpg
dub10.jpg