Подароци за бебиња | Црнобело Форум

Подароци за бебиња

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,772
7,299
1,153
Big Sur
Морам да признаам дека до пред некоја година бев тотално дупка на ова поле и не знаев што повеќе би земала на едно бебе (за мајка му па не ми ни текнуваше) освен облека и некое плишано играче.
Како почнаа другарки и другари да имаат бебиња, сфатив колку всушност стварчиња има за купување што не се облека која секако ќе ја израсне за месец-два максимум.
Пред некое време за на работа пребарував за корисни vs. baby shower gifts што се само трошење пари и ми се отвори нов свет каде всушност подароците што ќе им се од огромна корист на родителите, се супер подароци и за бебето. Самото бебе и така не разбира дали е дотерано и колку играчки има.
Од листата би издвоила, почнувајќи од најочигледното:
  • Пакетче со кашички, чоколино, гриз, млеко и сокчиња (секако, во договор со мајката за да се знае што смее и што воопшто сака малото да јаде, да не е алергично на нешто, да одговра на возраста, итн.).
  • Сад за топлење млеко - гејм чејнчер за тоа да не стои родителот до шпорет или плинско, па префрлање од ѓезве во шише, па врело било, а-у, туку го вклучуваш садот и имаш стоплен оброк за 2-3 минути (може да е малку поскапо, но е супер инвестиција за блиски).
  • Ташничка со прегради за алишта, шишенца, грицки, итн., што може да се закачи додатно на количката. Зошто? Пошто самите ко возрасни немаме доволно прегради некогаш за работите, а не па за дете.
  • Од играчки повеќе би земала нешто интерактивно т.е. нешто што би му служело подолго време и преку кое би можело да учи. Има многу слатки таблички со животни, растенија, итн.
  • Пелени. Вака звучи преочигледно, ама во пракса ретко подарувано (освен за новороденче), а многу, многу потребно и финансиски олеснително за родителите.
Од работи за носење, не можам да одолеам на чорапчиња, а и секако се потребни. Ама нема ништо послатко од мало чорапче на уште помало ноџе.
Кои се вашите go-to подароци за бебиња?
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,351
3,041
1,133
Praktichni podaroci se album za sliki od bebeto, nekoj termos za ponatamu, peshkiri, kupki, kapchinja, interesen pribor zelezen za jadenje, slikovnici od ekoloshki materjali, peleni , jaknichka,vreka za spienje...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra