Повикот на К'тулу - Лавкрафт

Decadance

Нов член
21 март 2013
4
1
3
34
Не знам колку ги имaте читано романите на Х.П. Лавкрафт. Неодамна го открив случајно на гугл, зошто не сум посебно заинтересиран за хорор новели. Но, откако ја прочитав неговата 'Shadow over Innsmouth' (Сенката над Инсмут), неговата работа ми привлече внимание.
Најдеталниот опис на К'тулу може да се најде во кратката приказна „Повикот на К'тулу“ и е заснован врз статуи на суштеството. За една од нив, создадена од вајар по серија немирни сништа, се вели дека „истовремено буди слики на октопод, змеј и човечка карикатура... Грутчеста глава со пипци поставена на гротескно крлушесто тело со рудиментарни крилја.“ Друга статуа, конфискувана за време на рација во просториите на еден убиствен култ, „претставуваше чудовиште со едвај антропоиден изглед, но со октоподовидна глава чие лице беше збир на пипци, крлушесто, навидум гумено тело, запрепастувачки канџи на предните и задните нозе и долги, тесни крилја на грбот.“

Скоро сите негови дела зборуваат за “Великите прастари“, суштества кои постојат уште од почетокот на времето и претставуваат најголемото зло во космосот.

Би сакал ваше мислење за делата на Лавкрафт доколку ги имате прочитано.