Планини, врвови, алпинизам

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Во оваа тема да ги ставаме планините, врвовите, слики од патешествија, качување по нив и слично...Има ли алпинисти на форумот?
За почеток да почнеме со планината Килиманџаро


Килиманџаро е највисоката планина во Африка и е од вулканско потекло. Се наоѓа во североисточна Танзанија на границата со Кенија. Составена е од три вулкани Шира, Мавензи и Кибо. Највисокиот врв е наречен Ухуру и се наоѓа на 5895 метри надморка височина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and DarkPassenger

sweetgirl

Истакнат Член
11 март 2012
148
125
343
Скопје
Јас не сум алпиниста,но ја сакам планината и се поврзано со неа.
Ја сакам тишината и мирот во неа.
Ја сакам миризбата во планината и чистиот воздух.
И тотано се опуштам кога сум на планина.
А инаку си ја сакам нашата Шара.

Шар Планина или скратено Шара е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на републиката, на границите соКосово и Албанија.
Шарпланинскиот масив се протегаво правец североисток - запад – југозапад во должина од 76 km.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca, parvati and Hexasto

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас многу сакам планини и викендици...Се би дала за да одам да поуживам таму на раат...
Од море и планина, повеќе би одбрала планина и некоја добра викендичка, добро друштво и храна, свеж воздух..мерак
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
...Врвот Мон Блан се наоѓа на границата помеѓу Италија и Франција..висок е 4808 метри..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Национален парк Галичица...
наше си е наше...
http://papokot_na_svetot.blog.mk/files/2010/01/filesfileGalicica%205%20%5B640x480%5D.jpg
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Алпите е името на едни од најголемите планински вериги во Европа, протегајќи се од Австрија и Словенија на исток; преку Италија, Швајцарија, Лихтенштајн иГерманија; до Франција на запад.
Највисокиот врв на алпите е Мон Блан, на 4.808 метри (15,774 стапки) од италјанско-француската граница. Сите главни врвови на Алпите можат да се најдат на листата на планини на Алпите и на листата ма врвови на Алпите според еминентност.
Името „Алпи“ е изведено од француското од латински Alpes, кое можеби е во сродство со латинското albus („бело“). Германското Albe, Alpe или Alp (од Старо високогерманското alpâ, во множина alpûn) во еднина значи „alpine pasture“, а само во множина може да се однесува на планинската верига како целина.

220px-Matterhorn_Riffelsee_2005-06-11.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: foREVer

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Урал
Планината Урал е висока 1895 метри и долга 2100 км. Таа заедно со реката Урал го дели евроазискиот континент на два дела, Европа и Азија. Урал поминува преку три климатски зони. Исполнета е со многу рудници и рудно богатство, што придонело за развој на тешката индустрија.



 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marick14

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Aлпите во текот на ноќта

Типичните фотографии со Алпите oбично се со светло сонце, прекрасни зелени бои и многу снег, но оваа колекција наречена “Ѕilent Моuntains” на фотографот Мајкл Шнабел ни ги прикажува Алпите во текот на ноќта. Уживајте во мистичните фотографии на овие масивни природни форми.










 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty