Пишуваме на зададена тема: "Зборовите болно молчат за тебе"

  • Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
794
1,339
1,103
@incognito ти честитам на победата и благодарам што темата ми ја препушти мене :)
Значи правилото е дека делото треба да биде лично ваше,поезија или проза не е важно само имајте инспирација и повелете пишувајте
 
  • Like
Reactions: İncognito

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
794
1,339
1,103
Не ја мачи мудрата глава
прашувајќи се зошто,
само затвори ги очите
и наслушни ги зборовите што молчат.
По којзнае кој пат
се трудам и не успевам
да те допрам
и со усниве да ги зашијам
рабовите на твојата душа
за да не те заболи
оваа песна што со денови тлее во мене
хранејќи се со зборови болни и нежни
разбудени во срцето
кое го оживеа после илјада празни животи.
Твојата отсутност боли,
воздивнувам, но воздух немам,
кажи ми најмил
како да ти пишувам за љубовта
кога тоа си всушност ти,
како да ти дојдам
кога сум заглавена
во немирот на твоите соништа?
Побарај ме во пајажината
на неисплаканата солза,
во далечината ноќта со копнеж што ја бои,
побарај ме во гревот
утрото што го натопува,
за да ме најдеш во тишината
и да ги разбереш
зборовите што болно молчат за тебе.
 
Последна промена:

İncognito

Староседелец
31 август 2013
2,497
3,773
1,153
Запали таен оган во длабочините на очиве,
допре каде што никоја не посегна,
да ми покажеш океани во свеќата што догорува,
да не згасне.
Пред тебе дождот ми беше се,
име, здив, тело и солзи на небо,
со нив долго мечтаев за трошка љубов и малку ситост во клунот на црниот гавран,
кој не ми даваше мир,
и леташе бескрајно во моите соништа,
утро за утро да нароси со темјан и врзе една пајажина,
од срцево испредена,
во ноќите занемена.
Сега се е толку далеку,
од мене и себе,
измеѓу стоиш ти,
со твоите несмасни дланки,
нежно ја отчкрипуваш вратата на пролетта,
врз лицево замаено во земјата,
пред да процвета.
Ме сокриваш од мојата сенка несебично,
со темнината напластена,
чинам од вечноста нанижана,
везејќи во неа срма за срма,
од сонцето обоена,
како награда за зборовите,
кои молчат болно во тебе.
 
Последна промена:
  • Like
Reactions: JaMi and Iris*

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,655
5,731
1,153
Натпреварот останува отворен уште викендов, продолжено со него до понеделник, од вторник до петок гласање и одново за викенд да почнеме со нова тема.
Уште малку барем надополнете ја листата за гласање :).