Пица или пастрмајлија?

Според вас што е повкусно Пицата или Пастрмајлијата?

  • Пица

    Гласови: 26 74.3%
  • Пастрмајлија

    Гласови: 9 25.7%

  • Вкупно гласале
    35

Maks

Староседелец
Повеќе сум за пастрмајлија јас, а еве ви го и рецептот :D

Пастрмајлија


Време на подготовка од: 60 -120 Мин.
Број на лица: 4

Состав
- 1 кг. брашно
- свинска удина
- 200 гр. маст
- 4 јајца
- пакетче квасец (25 грама)

Додајте го растопениот квасец во брашното и со вода замесете средно меко тесто.
Изработете го добро тестото и оставете го некое време да постои за да скисне. Потоа разделете го тестото на 4 еднакви дела, секој дел посебно расплескајте го како за не многу голема погача. Исечете го месото на ситни парчиња, посолете го и разделете го на 4 дела и ставете го на четирите пастрмајлии. Распоредете го месото врз целите кори, околу секоја кора направете витка од тестото, врз месото ставете парчиња маст и ако сакате црвен пипер.
Ставете ги вака подготвените пастрмајлии во рерна да се печат на 250 степени. Откако ќе се потпечат малку на секоја пастрмајлија ставете по едно изматено јајце и вратете ги во рерната да се испечат (јајце по желба ако сакате, не е морално). Се сервираат топли.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Smiley_1996 and Hip.Hop_MKD

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Се разбира. Пица. :kafe

Незнам кој би можел да одолее на вакво нешто..

pizza.jpg
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Пица ... пастрмајлија не сакам многу, ако има каснувам онака само колку да пробам
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks