Пинг-понг

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Пинг-понг (уште познат и како тенис на табла и тенис на маса) претставува спорт во кој двајца или четворица играчи удараат малечко, шупливо пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Оваа игра е слична со тенисот на трева, со таа разлика што се игра на површината на една маса со мрежа на средината. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот.
Измислена во Англија во почетокот на 20 век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источно-азиските земји. Од 1988 год. е прогласен за олимписки спорт во конкуренција за мажи и за жени.
300px-Competitive_table_tennis.jpg

Во почетокот тенисот на маса на англиски се викал table tennis. Пред огромниот успех што ќе го достигне овој спорт, две конкурентски претпријатија почнуваат да ја произведуваат неопходната опрема за играње: рекети, топчиња и маси. Едното претпријатие своите производи ги продава под името Пинг-понг, а другото под иметоВаф-ваф. Од двете марки победува она чие име е Пинг-понг, бидејќи подобро го имитира звукот при отскокнувањето на топчето во контакт со рекетот или масата.
_44954406_tabletennis512.jpg

Пинг-понгот се игра на правоаголна маса со димензии 2,7 x 1,5 м на 76 см височина. Површината на масата, секогаш со темнозелена или темносина боја, може да биде дрвена или пластична. Масата е поделена на два дела, со трансверзална мрежа, висока 15,25 cм. Краевите се нацртани со бели линии., кои ја ограничуваат површината каде што може топчето да скокне во текот на играта. Цел на играта е да се добијат првите 11 поени со минимална разлика од 2 поена во однос на противникот, што значи и добивање на сетот.[1]
За да се освои партијата, играчите мора да освојат три од петте предвидени сета. На почетокот на, партијата, пингпонгарот, кој со влечење ждрепка станува првиот сервер, почнува со удирање на топчето со рекетот од позицијата што се се наоѓа пред основната линија. Топчето мора првин да отскокне еднаш во полето на серверот, да помине над мрежата и да го допре полето на противникот. Пинг-понгот, заедно со бадминтонот се сметаат за едни од најбрзите спортови за рефлексна брзина.