Пелистер

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Хотел Молика, според мене е еден од најубавите хотели. Чисто е, супер услуга, а цените не знам сега баш како се движат, не е премногу скапо. Ама, дефинитивно ќе се одмориш. Во близина е и Копанки (30тина минути споро пешачење) а ако сте повеќе за пешачење одете и до Јоргов Камен. Има од Копанки до Јоргов Камен пешачење околу 40тина минути, ама дефинитивно вреди да пешачиш за онај поглед. И по пат е и Видиковецот, ама таму пострмен е патот.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Собите во детското одморалиште не се исчистени од Југославија од кога е направено одморалиштето.
Сите од Битола сме биле само еднаш.
Исип по телото гарант ќе добиеш зошто е премногу валкано. Целта беше да не спиеш и тој прв што ќе заспие беше намачкан со паста за заби. Како дете поинаку размислуваш. Одиш зошто одат другарчињата и не ти е важно дали е гнасно или не.
На Пелистер има прекрасни хотели, со пријатни амбиенти. Хотел Молика е најпознат, но има и други. Рис, Шумски фенери и сл.
Овој Шумски фенери е одличен доколку сакате да приредите романтично изненадување за партнерот. Зимно време е преубаво украсен пределот каде се наоѓа каминот и кани на љубов и романтика.
Ски стазата лани беше многу лоша. Имаше малку снег, а и тој што го имаше не беше добар за да се ужива во најубавиот зимски спорт.