Пегла за коса

Blagica5

Нов член
14 септември 2014
8
1
3
31
Иако девојките се свесни за негативностите на пеглата за коса сепак често ја практикуваат.
Со попош на пеглата правиме прекрасни фризури и ја средуваме косата.
Но често и погрешно ја употребуваме пеглата.

Влажна коса
Иако постојат посебни пегли за коса за исправување на влажна коса, експертите со сигурност нема да ви го препорачаат ова. Уште полошо е кога користите обична пегла додека косата ви е сè уште влажна. Затоа, пред да се фатите за пеглата, убаво исушете ја косата и почекајте уште 10 минути, па потоа почнете со исправување.

Заштитно средство

Пред користење на пегла, косата треба да ја заштитите со некој препарат кој ја штити косата од висока топлина. Без тоа, вашата коса многу брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.

Јачина на пеглата
На повеќето пегли постојат опции за прилагодување на топлината. Избегнувајте пеглата да ја пуштате до максимум, бидејќи на тој начин ќе го ослабете влакното, а како резултат ќе ви испукаат врвовите и ќе ја оштетите косата.

Предолго пеглање
Никако не смеете истиот прамен да го пеглате неколку пати со силна топлина. Обидете се пред пеглањето максимално да ја исправите косата при фенирањето, за потоа полесно да ја испеглате и да не се задржувате долго на еден прамен. Што повеќе пеглате на исто место, толку повеќе ја оштетувате косата.

Предебели прамени
Доколку праменот кој сте го фатиле за пеглање е преголем, топлината нема рамномерно да се распореди и нема убаво да го испеглате праменот. На тој начин ќе морате долго време да се задржите на еден прамен, што во никој случај не е препорачливо.

Широка пегла за коса
Пеглите со прешироки плочки тешко доаѓаат до самиот корен на влакното. Најпрепорачливо е да користете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.

До девојките,
Дали употребувате пегла (ако сакате прикачете и слика), како најчесто ја правите косата?
Предлог за добра керамичка пегла?? Само да не е кинеска/јапонска. И цена btw. Тnx in advance!

peglanje-kosa.jpg
 
Последна промена од модератор:

Marijaaa

Истакнат Член
30 мај 2015
65
116
343
Најдобра досега дефинитивно.. Таткоми ми ја купи од Чешка мислам и била околу 35€
 

Прикачувања

  • IMG_20150526_103910.jpg
    IMG_20150526_103910.jpg
    1.8 MB · Прегледи: 5