Патување низ времето

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Патување низ времето е концепт на движење меѓу две различни точки во времето на ист начин како кога се движиме меѓу различни точки низ просторот, било да се работи за испраќање на предмети (или во некои случаи самоинформации) назад во времето во минатото, во некој момент пред сегашноста, или испраќање на предмети напред во времето во иднината. Иако патувањето низ времето е изум на научно-фантастичните дела уште од 19 век, а патувањето во иднината е претпоставка за можен феномен според теоријата на релативноста, сè уште не се знае дали законите на физиката ќе дозволат патување во минатото. Машината која би овозможила патување низ времето, хипотетичка или измислена, се нарекува „временска машина“.
Некои интерпретации на патување низ времето исто така сугерираат дека патување во минатото може да го одведе патникот во паралелен универзум, чија историја ќе почне да се менува од моментот кога патникот ќе пристигне во минатото.


Дал ивие верувате дека е можно патување низ времето..?

јас засега немам некое мислење и да и не сум .... мисла мдека еможно да се патува низ времето , но од каде знаеме декак есе вратиме во истиот универзум до кој сме тргнале? од ка јзнаеме дека не сме во некој паралелен универзум? и ете ако се вратиме во минатото и во истиот универзум, тогаш со тоа би го нарушиле временскиот континуитет и би предизвикале проена на историјаат коај би довела некако, неакде да не успееме да ја изградиме временската машина итогаш би останеле заглавени некаде во времето и просторот ..

пчекувам ваше мислење ...
 

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
верувам... кога идам од Македонија накај Бугарија часовникот го мењам 1 час нанапред.
значи ако влезам во Бугарија потоа излезам идам саат време наназад
и цело време така напред назад патувам низ времето :D
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
верувам... кога идам од Македонија накај Бугарија часовникот го мењам 1 час нанапред.
значи ако влезам во Бугарија потоа излезам идам саат време наназад
и цело време така напред назад патувам низ времето :D
Јас некни забраив да го сменам саатот и останав заглавен во времето. Се’ ми бега за еден час. :frown
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Теоретски е можно патување во времето но само во иднината читав негде на интернет дека доколку патуваш во универзумот со брзина на светлината за време од 1 година на Земјата ќе поминат 10, и додека се вратиш уште една тоа се вкупно 20. Е сеа не е некое патување ова е ЈСП во сајнсфикшн светот.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Теоретски е можно патување во времето но само во иднината читав негде на интернет дека доколку патуваш во универзумот со брзина на светлината за време од 1 година на Земјата ќе поминат 10, и додека се вратиш уште една тоа се вкупно 20. Е сеа не е некое патување ова е ЈСП во сајнсфикшн светот.
Отприлика така некако. Сопственото време зависи од брзината со која се движиш во однос на некоја референтна точка. Тоа убаво го објаснил Ајнштајн во неговата теорија за релативитет користејќи ги Лоренцовите трансформации. Со пример доаѓа вака некако (парадоксот на близнаците): Ако имаме двајца близнаци и едниот го пратиме во вселената да се движи со брзина споредлива со брзината на светлината околу Земјата, после 20 години измерени од Земјата за близнакот кој орбитирал ќе поминат многу помалку. Ова е докажано и со т.н. атомски часовник кој работи на принцип на радиоактивен ураниум и е најпрецизното мерило за време.

За патување во времето јас имам една своја теорија која е малку долга и многу комплицирана да ја објаснувам вака по форум. Онака накратко, јас го разгледувам времето во секоја точка од просторот и притоа го диференцирам просторот на инфинитезимални растојанија од точка до точка. На пример ако сакаш да се придвижиш од една до друга точка патуваш по позитивна патека во времепросторот, но ако се вратиш назад е исто така позитивна патека. Според тоа онака теоретски само, за да почнеш да се движиш во „негативна“ насока на времето би требало да успееш да се движиш побрзо од светлината во вакуум што реално не е возможно, па со тоа јас велам дека патување во минатото со помош на брзината не е возможно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski