Паметно барање работа

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Има разлика помеѓу оние кои бараат работа и оние кои бараат вработување. Навидум, и двете се сведуваат на истото, но според тоа како ќе се поставите, може да значи дека ќе ја добиете работата или ќе ја изгубите шансата да бидете вработени. Прочитајте што подразбира паметното барање работа:

1. Потенцијалната работа е насекаде
Pamtno-baranje-rabota-www.kafepauza.mk-1.jpg
Паметното барање работа подразбира да немате срам кажувајќи им на вашите пријатели, членови во вежбалната, родителите на вашите пријатели, дека немате работа и дека постојано барате. Ако молчите и не зборувате многу, никогаш нема да дознаете дека мајката на пријателот на вашиот пријател има стоматолошка ординација или е правник.
.
2. Бидете отворени
Pamtno-baranje-rabota-www.kafepauza.mk-2.jpg
Ако гледајќи огласи за работа во весник или на интернет порталите, прочитате за некоја компанија, фирма која не ви е позната, не ја одбивајте веднаш. Побарајте на ја интернет или распрашајте се наоколу за неа. Можеби е нова или не многу позната.
.
3. Потрудете се околу мотивационото писмо и си-ви-то
Pamtno-baranje-rabota-www.kafepauza.mk-3.jpg
Потрошеното време за подготвување на јасно прецизно и концизно си-ви и убаво напишано мотивационо писмо, зборува многу за вас. Обидете се да го напишете без ниедна грешка, јасно и разбирливо. Многу е важно да видите дали во делот „вештини“ од си-ви-то, се напишани потребните вештини кои ви се потребни за работното место за кое аплицирате.
.
4. Однесувајте се и изгледајте како професионалци
Pamtno-baranje-rabota-www.kafepauza.mk-4.jpg
Ова е многу јасен и ефективен совет: пристигнете на време за интервјуто, облечете се соодветно, слушајте и зборувајте, покажете самодоверба во начинот на размислување и во однесувањето.
.
5. Дајте до знаење дека ја сакате токму таа работна позиција
За време на интервјуто за работа, покажете дека сте најдобриот кандидат за работата.
.
6. Не избрзувајте!
Колку и живо да ве интересира унапредувањето, покачувањето на платата и слободните денови, паметниот кандидат никогаш не избрзува и не ги поставува овие прашања за време на првото интервју за работа. Тоа дава неубав впечаток за вас, бидејќи тоа се работи кои работодавецот треба да ви ги каже.
.
7. Слушнете, прашајте и заблагодарете се
Слушањето и прашувањето се работи кои никако не смеете да ги заборавите додека сте на интервју. Заблагодарете се за одвоеното време и покажете дека сте возбудени за работата. Запомнете го името на оној кој ве интервјуирал. На тој начин ќе оставите одличен впечаток.