Паганска музика | Црнобело Форум

Паганска музика

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,574
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
... може да се нарече и етно, или изворна, или предхристијанска што ти ја знам, не гледам некоја голема разлика. Станува збор за музика што се свирела кај старите народи пред да го примат христијанството (оние кои го примиле) па и после христијанизацијата. Се прави со инструменти автентични за тие времиња мада има некои вметнуваат и посовремени инструменти па дури и електро ремикси прат. Нејсе. Ако има текст претежно се опејуваат древни божеста, природата, мајката Земја, локални херои и др. Мене оваа музика ми е меѓу најомилените жанрови што ги слушам, а највеќе ми се допаѓа скандинавско-германската, келтската и старословенската паганска музика.

Кој е фан на ваа музика нека постира линкови, предлага артисти и сл.

Периодов од паганистиве Фаун ги слушам, германски бенд. Ќе пастирам две песни од поомилените, мада немаат песна да не е добра. :)


 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aristokrat

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Е дури сега видов дека имало тема за паганска музика.
Морам тука да си ги ставам Омниа, моите омилени пагани. Потекло од Холандија, пеат на неколку јазици, германски, дански, ирски итн, 100% акустична, без електрични инструменти, без програмирање. Преку нив и уствари го запознав овој жанр и ми стана еден од најчестите на плеј листата.
Кој милува нека слушне, може и да му се допадне.:)


Искрено мене инструментиве ме воодушевија, интересни и необични, магични звуци создаваат со нив.
 
Последна промена: