ПОЈАСНУВАЊЕ :)

Статус
Затворена за нови мислења.

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Форумот Литература и Книжевност, ги опфаќа темите од областа на литературата и книжевноста.
Или накратко - од стручна литература до белетристика, сѐ на едно место.
Во овој форум можете слободно да отварате најразлични теми, за нешта кои според Вас заслужуваат да бидат споделени, а со самото тоа и продискутирани ( значаен автор, значајно дело, Ваш омилен жанр, лик, нечија мисла која поттикнува на размисла, па дури и само нечиј збор).
Сепак, има неколку правила кои би требало да Ви ја разработат мислата и имагинацијата во однос на отварањето на темите, а и да ни помогнат да функционираме колку што е можно поорганизирано и поквалитетно:
1. Пишуваме на кирилица.
2. Пред отварање на нова тема проверуваме дали истата веќе постои (можеби насловот ѝ е поинаков, но доменот ѝ е ист). На тој начин одбегнуваме дуплирања, кои само би ја разводниле дискусијата. Дека одбегнуваме создавање на неред, не треба да Ви нагласувам.
3. Одбегнуваме отварање на теми, поставени како прашање. Повторно со цел за поквалитетно функционирање. Поставувањето на дадена тема во форма на прашање, повлекува давање на кратки, сувопарни и необразложени одговори. А и не сме на испит тука, нели? :)
4. Започнуваме со воведно размислување, кое би требало да разјасни зошто е конкретната тема отворена, да изнесе конкретно видување, размислување, дилема, па дури и забелешка, да не речам замерка. За да има муабет, треба да знаеме за шо (ќе) муабетиме.
5. Се трудиме да не забегуваме од темата за која дискутираме, особено не го одвлекуваме муабетот во сосема спротивни правци. Што ќе рече - без непотребни оф-топик мислења.
6. Лични дела (поезија и проза) пишуваме во соодветниот форум Поезија и Проза, кој што е дел од Креативното Катче.
Ако наидете на некакви „сопки“ Ви стојам на располагање, се разбира во доменот на моите задолженија.
Поздрав, lady_blue :cool:
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Дополнување на правилата:

Одсега па натаму, со цел за подобра дискусија на подфорумот, во темите : Предизвик за читање на книги , Најдобра книга прочитана до сега? , Книги кој НЕ би ги препорачале и Книга што не сте ја сфатиле , каде што освен името на книгите или слики од кориците на книгите што се поставуваат, мора да напишете и кратка рецензија, со свои зборови макар биле и две - три реченици. Во спротивно ќе бидат избришани.

Додека во темата Предлози за книги - Со кратка рецензија , исто рецензиите што ги пишувате да бидат ваши, строго е забрането копирани рецензии од други сајтови. Кога препорачувате книга објаснете зошто ја препорачувате, не ја копирајте само кратката содржина. Сите такви рецензии ќе бидат избришани.

Воведувањето на овие правила, како што напишав погоре, се единствено со цел за подобра и поквалитетна дискусија.
Ако нешто не ви е јасно околу ова слободно може да ми се обратите.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Напомена:
Одсега па натаму, темата Омилени цитати ќе биде исклучиво за цитати. Повеќе нема да има постирање слики, затоа кога ќе напишете пост обавезно наведете го и авторот макар било и обична поговорка. Значи постовите да содржат само текст, без слики. Во спротивно мислењата ќе бидат избришани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mystique and Saladin
Статус
Затворена за нови мислења.