Отворена душа

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
Перверзна љубовна романса

Оваа зима која личи на рана есен и душава се реши да ме издаде, да се соголи пред сите. Ја превзема власта над разумот. Прстиве ко одвај да чекаа па со трчање и се придружија на новата власт, и покренаа бунт против разумот. Јавно и несовесно пишуваат за најголемите тајни на моето постоење и за мојата перверзна љубов. И не ми преостана ништо, само да се предадам на мигот, да седнам пред екранот на компјутерот и повторно да бидам само сведок на сопствениот живот, на најголемите радости и најболните мигови кои ми се случија. Новиот сојуз дрско и недемократски на разумот му го одзеде и правото на збор, од сега само душава ќе зборува….
Добро вечер драги, како си? Знам дека ова е наша прва средба после онаа послената и можеби се чуствуваш нелагодно, но сепак решив да ти се обраќам на Ти! Прости што ти се обраќам на Ти, но на Ти им се обраќаат родителите на своите деца, на Ти си се обраќаат блиските роднини и пријатели, повеќегодишните другари, комшиите и познаниците, долгогодишните љубовници, брачните другари……на Ти си се обраќаат и душите кои рикаат од болка што еднаш кога самовилите мафтаа со своите стапчиња, магијата танцуваше во нашите животи, а ноќите беа како во бајка, и животот конечно имаше смисла, се сретнаа, но немаа доволно време да се запознаат. Моментот мина, светлата се изгаснаа, публиката нечујно замина, и се стана сурово и реално нереално. Мојава душа и се обраќа на твојата на Ти, затоа што токму таа ноќ на самовили и магии, која се поретко и поретко ни се случува како минуваат годините, Ти ме погледна како бесрамна к***а, со очи на срна која моли за љубов, нежности и страсти. Со поглед ја искина и таа малку облека што ја имав на себе. И уште пред да ја отворам устата да го изговорам своето име јачеше врз мене, лижејќи ме од глава до пети, до најмалото прсте, гризејќи ме и бревтајќи врз моите набабрени гради. Не можев да се воздржам ни момент а да не одговорам на твоите страсти. Мирисот на твојата кожа ме излуди, адреналинот ми скокна во главата до највисокото скалило, врескав од возбуда и сласти гризејќи те по вратот и бакнувајќи те во чело. Вцрвенет во образите од бесрамниот чин што го изведовме, сепнувајќи се од оваа перверзна љубов, го откри своето име-име на Божество. Но заборави да ме прашаш за моето.
Таа вечер Ти досудив казна заснована на лажни сведочења-Не е доволна твојата љубов за мене! Лажев а не можев да видам дека не лажам никого друг освен себе си. При очи не видов дека ти си и рана и лек за оваа перверзна љубов, па ти реков -Оди!
П.С. “Секоја птица, се враќа кон своето јато.”
Твоја Аиден
 

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
Мојата перверзна љубов


by Еvelent Аiden
Драги мој,
Повторно ти пишувам иако знам дека моиве зборови ќе бидат проголтани од темнината на ноќва. Се надевам нема да се измориш од моите приспивни приказни, и прерано да заспиеш а повторно да не го дознаеш крајот.
Од моментот кога првпат ја видов искрата во твоите очи, не можам да го згаснам пожарот кој и дење и ноќе не стивнува во мене.Тие очи разбудија страотни огнени страсти, ми го заматија разумот и ме наведоа на недолични чинови, ниски страсти, перверзни монолози, неискрени бегства од тебе, самозалажување……и што уште не. А и сеуште ме демнат иако веќе пронајдов начин како да им избегам, но не знам дали некогаш ќе најдам начин да погледнам дирекно во нив и да се соочам.
Ги паметам ноќите кога доаѓаше и земаше се што ти беше потребно. При тие посети земаше дел по дел од мојата душа за на крај да го оставиш моето тело бездушно. Сега мојата душа тивко одекнува во твојата потсвест, затоа што откако ме остави без неа, таа таму робува.
Ги паметам и ноќите кога немо чекав да дојдеш, но бесцелно. Се прашував каде беше тие ноќи со која? Чии усни гризеше, чии бујни гради милуваше, врз која јачеше до бескрај како одмазда на мојата перверзна љубов? И во тие мигови мислеше ли на мене? Вредеше ли?
Заплеткана во лавиринтот на мојата перверзна љубов, тогаш не го знаев излезот, не можев ни да претпоставам што е подобро да Ти се припијам најблизу што можам и да Ти се втријам во твојта мека и мирислива кожа како тетоважа која не се отстранува, или да бегам далеку од тебе, најбргу што можам не гледајќи назад?!
И денес не знам која одлука би била најдобра за нас, затоа што денес телесно сум многу многу километри далеку од тебе, а душава моја лута низ лавиринтите на твојата потсвест за да ти ја раскаже вистинската приказна за мојата перверзна љубов кон тебе.
Предолгото чекање во пламените на страста за мене секогаш се исплатеше, моите босици расцветуваа од возбуда кога после такво чекање твоите раце ќе ги зграпчеа безмилосно, бесрамно треперев навлажнета од возбуда и молев да те примам кај себе.
Моето чекање го продолжувам и ноќва…..
П.С.”Не оставај предолго да те чека заљубена жена, ќе изгоре во сопствената страст“
Твоја Аиден
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Prashina

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
НОЌ ШТО СИ ОДИ, А СЕКОГАШ ОСТАНУВА


images.jpg

Со години повторно и повторно ја преживувам таа ноќ на самовили и привиденија, не затоа што не знам како да продолжам во животот, не затоа што ја идеализирам….Продолжив понатаму, денес сум среќна и без тебе, но таа зимска ноќ на самовили и привиденија е единствена таква во мојот живот, а сигурна сум и во твојот, иако никогаш не призна и нема да признаеш……… и вреди за паметење.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Photographer and Prashina

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
Ниту една зима не боли како оваа…

by Еvelent Аiden
11-sneg-u-crno-belom.jpg

Ниту една зима не боли како оваа, бидејќи оваа е првата кога моето срцето не можеше да издржи повеќе, а мојава душа се отвори без да посакам…
 

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
Твојата перверзна љубов

Драги мој,
Ноќва е глува и темна, магла го завила градот, ко да ги сокрила од мене одговорите на сите прашања кои ми поминуваат во глава. А прашања имам многу. Сите ти се поставени тебе, иако знам дека ќе е потребно да се потрудам сама да си ги одговорам.
Слушам имаш девојка и добро ти е?! И мене не ми е лошо не можам да се пожалам иако знам дека можеби и не те интересира. Само се прашувам, после се вреди ли и самата помисла на тебе?! Размислувам подолго време и мојот заклучок е – вреди, затоа што знам дека и ти не си ме заборавил, не си ме ни замразил, не можеш да ја мразиш љубовта од неа можеш само да учиш. Допрва ќе се потсетуваш на мене токму во моментите кога ќе ти биде најубаво со неа, ќе ти бидам пример за тоа како да се сака од дното на душата исконски, несебично, искрено и безрезервно.
И сега кога можеби ти е најубаво во животот, кога си ја нашол личноста која можеби е ОНАА ВИСТИНСКАТА, иако не требаше многу далеку да бараш, кажи ми дали си истиот оној стариот и со неа?!
Дали и со неа си најмилиот, најшармантниот, најљубезниот, нај нај нај, а откако ќе си заминеш тој свет за тебе повеќе не постои?! Можеби и даде шанса да ти покаже колку те сака, да ти ја подари својата љубов или пак ја сакаш затоа што не ти ја покажува? Или пак можеби грешам, заедно сте најубавите заљубени гулапчиња? Разговате ли како од мајка родени, со истата леснотија до раните утрински часови или не ви е потребен ни збор за да се разберете? Слушнав многу зборови од таа твоја прекрасно проклета уста, и убави и грди и нежни и груби, зборови кои ме привлекуваа близу до тебе и зборови кои ме тераа да заминам што подалеку, а сепак не слушнав ништо .Дали некаде на патот барајќи те оглувев како и оваа глува ноќ ,па не можев да слушнам како ми довикуваш да не одам?
Не, од тебе слушнав се но никогаш не спомна ништо за НАС.
А НИЕ постоевме ли, или можеби се беше само добар филм со лош крај кој катадневно се врти во мојата глава како на филмска лента? На почетокот плачев на тој филм, залиптавена се трудев да застанам на нозе. А денес само сум нем набљудувач трудејќи се да си одговорам на прашањата кои никогаш не ти ги поставив и никогаш не ми беа одговорени.А зборувавме за сешто.
О перверзнику, дали молиш на колена за нејзината вулва како што ме молеше мене, па потоа те снемуваше со денови? Дали страсно ги бакнуваш пупките на нејзините гради, дали ги влечеш со тие твои полни усни? Дали е се така прекрасно како што некогаш беше, а само ова мое срце бездушно отрпнало и на добро и на лошо.
Одамна немам пуштено солза по тебе, години поминаа од последниот пат.
И не дека сум несреќна па ти пишувам да се вратиш, не го барам јас тоа од тебе.Остани со неа, и јас ќе останам насмеана како и секогаш.Но те проколнувам да ја сакаш многу повеќе од колку што те сакав тебе. Па да гледаш со моите очи, да чуствуваш со моето срце, да љубиш од дното на мојата душа па само на миг да ја видиш нејзината вредност. А потоа да ми ја вратиш затоа што НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ БЕЗ НЕА, таа е само моја.
Ете таква е твојата перверзна љубов, или можеби само ЗА МЕНЕ БЕШЕ ТАКВА.
Со љубов
Твоја Аиден
 

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
И СЕКОГАШ ДОАЃА ДРУГА....

Драги мој,
Вечерва ги одбројувам секундите до сонот кој ме совладува и знам дека и ноќва ќе те сонувам со неа, ќе ми ја измачуваш душата и разумот и иако капаcите на очите ја откажуваат оваа битка, над мене повторно ќе надвладее несоницата. Ќе го свртам филмот од почеток до крај, уште еднаш и уште еднаш до зори, прашувајќи се “Дали се е навистина само судбина или можеби тоа бев само јас?!”
]Дали таа е навистина твојата судбина, а тој е мојата?! Или можеби некој некаде ги заплетка конците, можеби тоа бевме јас и ти, можеби само јас……можеби и само можеби.
Вечерва заспивам во други прегратки. Знам и таа спие покрај тебе. И не дека е нешто страшно, и сонцето изгрева и си оди, и часовите поминуваат и никогаш не се враќаат, само сомнежот во мене останува да ме гризе дека вистинската приказна никогаш не се доврши, вистинските НИЕ демнeeме некаде на полoвина пат недораскажани.
Не сум таму да те покријам оваа ладна ноќ која ми го смрзна срцево. Но од далечините те потсетувам дека вечерва онаа која спие мирно во твоите топли и меки прегратки е вистинската, а оној кој спие покрај мене ја има привилегијата да ја прима мојата љубов.
Мојата душа често лута некаде, можеби и твојата?!
Можеби само нашите души ја имаа и повторно ќе ја имаат истата привилегија да се сретнат.
А дотогаш спиј мирно Ангелу мој, а јас ќе Ве чувам….
П.С.”Не се доволни ни милиони животи да се случи она што убиствено страсно посакуваш од дното на своето срце да ти се случи, не се доволни ни милијарда години. А што е потребно и доволно за да се случиме НИЕ?!”
Твоја Аиден
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Евелент Аиден

Истакнат Член
14 јануари 2014
8
14
103
Сон кој носи тага
Драги мој,

Те сонував ноќва со неа гушнати, фатени за рака како отсекогаш да сте биле неразделни….а утрово ме облеа преголема среќа што те видов макар и на сон. Со денови твоето лице не ми излегуваше пред очи колку и да се трудев, некаков демон го беше однел и не ми дозволуваше да продрам низ маглата до твојот прекрасен лик кој изгледа како секогаш да се насмевнува. Не знам дали тоа душата си поигрува со мене или разумот….Прекрасно ми е со него, а гледам дека и тебе ти е прекрасно со неа, ја гледаш како свој спасител, анѓел чувар….Тогаш што овој хаос во главата, што тоа препукавање мегу нас, кога приказната е одамна завршена, уште таа снежна ноќ кога ме допрати до влезната врата и ме бакна за последен пат….Зошто толку мачење кога камшикарот одамна замина и не остави да уживаме во остатокот од нашите животи.

А сонот беше толку убав, јас ТИ и таа, пресреќни што сме заедно, јас пресреќна што сте заедно те убедував дека таа е таа вистинската, таа е за тебе, како ти да не знаеш како да не беше ти оној кој замина од мене за да ја пронајдеш неа….

Груткава на градиве повторно стега.Одамна се помирив со се па и со тоа што јас не сум твоја вистинска, јас не сум ничија вистинска, само сум привид на овие денови, нем набљудувач на она што другите го нарекуваат живот.

П.С.”Некои ноќни мори се остваруваат, се надевам и оваа!?”

Со љубов

Твоја Аиден
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
**Додека музиката ги опсипува вашите тела со морници,ги впивате тела еден во друг... Је бакнуваш, Је милуваш, гориш.. А таа сваќа дека и вечерва пак сакаш да ја имаш. Го чувствува ритамот на срцето што копнее да го стигне, а не може. И бега.. Ја носиш дома. Во очите жарот во оган се претвора и ти пламнуваш.. Ја бакнуваш, ја допираш толку силно што дури сега го стигна твоето срце.. Сега знае каква е таа брзина која занесува.. Таа магија...
Таа магија те препушта потполно да се предадеш, да уживаш да танцуваш...
Но сега е поинаку. Овде, твојот подиоум не се светкавите плочки во барот и нема топка во разни бои.. Овде подиумот е црвената постела а ти како нескротлива сирена го заведуваш. Го полудуваш.. Неуморно играш за него, за неговите очи а твоето тело е како од на слика....А тој, додека силно притиска со прстите по твоето тело сваќаш дека е веќе во тебе...
Се предаваш, уживаш и забораваш на се'...
.Featured-Image-Passionate.jpgTo be continued...
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Ноќ без здив

Таа вечеρ..
Дива, опаκа, стρаствена ти
доаѓам дома, а ти ме чеκаш со ρашиρени ρаце. Добρедојде ми посаκуваш и моќно ме пρегρнуваш, ме ежиш...
На масата вино си поставил, фина музиκа си пуштил..
Со поглед κо со метаκ те погодувам. Полеκа полеκа те заведувам, тивκо ти збоρувам..
Се фρли вρз мене, ме гρабна κо ламја.. Бегам саκам да се зажелиш за мене. Саκам да полудиш.. Те допиρам полеκа те ежам..
Стρаста е поголема од се' ама κе издρжам . . Κе те пρовоциρам мали κе те полудам..
Те баκнувам, те гρебам а ти.. Не саκаш и не се пρедаваш..
Ти веќе го κопчаш последното κопче од мојата κошула. .
Се пρедадов, не можам веќе . .
Води ме однеси ме таму κаде што ниκој до сега не стапнал.
Само κапκите од дожд на пρозоρците се сведоκ што се случуваше таа ноќ таму. . Само тие ја знаат таа огнена вечеρ.
Нашата најубава пρва вечеρ.
 
Последна промена од модератор: