Кога родителите не се среќни, не владее хармонија, разбирање...тоа влијае врз целото семејство, автоматски ни децата не можат да бидат среќни.Нешто кога ќе го видиш дека не бидува, подобро да го прекинеш со време и да го засечиш в корен, а не да го влечиш постојано со себе тоа бреме да го наречам.Зошто измачување е да бидеш со некој за кого не чусвствуваш веќе ништо, со кого не ти е убаво, нарушено ти е спокојството и мирот и на самиот себе па после тоа и на децата.
Јас имам личен пример, во моето семејство, брак кој се оддолжуваше 10ина година а уште на стартот било јасно дека ништо не бидува од него.Ама ете се родив јас, првата ќеркичка, како мотив плус во целокупното семејство, бракот продолжил.Не дека нешто било сменето, само што сега ете јас сум претставувала нов живот, се надевале на тоа дека јас ќе бидам таа која ќе го спаси бракот.
Но како што врвеа годините очигледно беше дека бракот одамна требало да се заврши, работите само се влошуваа, ни едниот беше среќен ни другиот, а најмалку јас...многу имам патено поради тоа...
Но сепак, као демек ради мене нештата се туркаа иако беше мачно за сите...
Така си се роди уште едно дете, брат ми...е ај сега да те видам...само се задлабочуваш повеќе, уште една причина плус да се продолжи мачниот живот на мајка ми.
Траеше и траеше.....но дојде ден кога прекипе водата од лончето, јас пораснав и веќе бев способна да и кажам на мајка ми дека ќе ја поддржувам во се, што и да одлучи, но дека вака веќе не може, никој не може да го живее животов вака, а најмногу ради неа, зошто знаев што се има проживеано.
Тоа и значеше многу, всушност беше пресуден момент за да еден ден цврсто застане и одлучи дека веќе не бива така.
Сега мајка ми е насмеана секој ден, оди на работа, се движи со луѓе, виде што е живот...а дека ми фали нешто сега во животов, не ми фали ништо...татко...тој е татко јас не го негирам и не можам, ама кај мене останала слика за него каква што тој не смеел да си дозволи, јас не сакам да го видам повеќе, не ми фали..
Тоа е благодарејќи на мама која покажа дека може да ја има улогата на двајца родители, подобро само со еден родител отколку со двајца од кои едниот не си ги сфаќа и не си ги цени своите домашни, своите златни деца, на кои што секој би можел да у позавиди..но ете...
Целта ми беше да кажам дека кога ќе дојде до моментот бракот да стане неподнослив тоа го чувствуваат и децата и тоа влијае на нив, на нивната психа, подобро да се прекине со време, така сите ќе бидат посреќни и позадоволни.