Османлиската империја

Sara

Истакнат Член
13 февруари 2012
116
116
343
Османлиската Империја или Отоманската Империја исто така од современите историчари позната ѝ како Турска империја, претставувала мулти-етничка држава што постоела во периодот од 1299 до1922 година, или вкупно 624 години како империјална монархија, или до 24 јули 1923 година, де јуре како држава.Таа била наследена од страна на Република Турција,која официјално била прогласена на 29 октомври 1923 година.

Таа е една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното море. Во својот зенит, таа се простирала на териториите на Анадолија, Блискиот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од страна на туркското племе Огузи во западнаАнадолија, а на нејзино чело стоела Османлиската династија. Основач на династијата бил Осман I(неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако како династија не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се самопрогласил за султан. До тогаш, владетелите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Оставила лузна на многу балкански територии ... сеуште има турцизам и градби од тоа време ...
а денес Турција ни е најголем инвеститор и подршка во светов !
(така пишуваат весниците, така објавуваат медиумите ... така вика и владата )
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Толку века владеење на Османлиската империја, богами има што да се раскажува. Толку освоени земји, грабнати мали деца кои стануваат јаничари и ја губат својата православна вера, а нај интересен е периодот за време на владеење на султан Сулејман....
Тој во неговото време значајно ја зајакнал империјата и освоил многу територии....Меѓутоа после неговото владеење имеријата постојано слабее, губи територии, неговите наследници се убиваат кој меѓу себе, некои се убиени од други луѓе и сл......ај ќе си раскажеме накнадно..
Султан Сулејман и Хурем
hurrem_kanuni_atasehirweb.jpg
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
мислам дека во историјата што го писе тоа не е баш сето опишано како што треба
милсма на историјата што ја учеме на школо
посебно за овој дел има само кога како и зошто се бореле нашите бранители
не опишува друго ништо
мислам ме свакате
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Те сваќаме, паметам дека имавме една лекција само Османлиска империја по историја...
Но сепак така е за се, учиме како општ вовед, повеќе внимание е обрнато на нашата историја, и во ред е
...Но затоа постојат начини како човек може да се информира ако е заинтересиран...
Ние пет века сме биле под нивно ропство, колку книги напишале нашите писатели за тоа време..Мачно и тажно било за народот наш напатен...Македонска крвава свадба, Парите се отепувачка, и многу други....Ете таму многу убаво е опишано како нашите македонци го минувале својот живот во ова ропство..
Мислам дека има многу и многу да се пишува на оваа тема..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
во врска со османлиската империја и нашата историја ... да се убацам со два три збора и јас :sreken

за се се криви кодошите (шпиуни) ... кодошииииии :frantic

како беше она ...
стои човек на планина ... што е тој ?
- комита
стојат двајца луге на планина ... кој се тие ?
- комита и војвода
стојат тројца луге на планина ... а кој се тие ?
-комита, војвода и кодошот

и после овој ни бил крив , тој ни бил крив ...
абе мегу себе очите си ги ваделе за едно златце ...

(nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Emma17 and Bum-Bum

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Може сме биле половина век под османлиско ропство, и можеби македонскиот народ пропатил многу поради османлиите ама јас ја почитувам Османлиската империја како постоечка сила во тоа време.
Има голема трага во нашево општество од османлиското време а тоа е само факт кој ја потврдува моќта која ја уживале османлиите наоколу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Може сме биле половина век под османлиско ропство, и можеби македонскиот народ пропатил многу поради османлиите ама јас ја почитувам Османлиската империја како постоечка сила во тоа време.
Има голема трага во нашево општество од османлиското време а тоа е само факт кој ја потврдува моќта која ја уживале османлиите наоколу.

ако ти раскажам низ што се не поминал македонецот во текот на тоа најмрачно и најтешко ропство за македонецот не вреувам дека се уште би била со тие свои сваќања и идеи !!
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
ако ти раскажам низ што се не поминал македонецот во текот на тоа најмрачно и најтешко ропство за македонецот не вреувам дека се уште би била со тие свои сваќања и идеи !!
Има доволно познавања само не гледам од каде ги виде ти моите сфаќања и идеи од еден наполно точен факт кој еве ти го повторувам : Има голема трага во нашево општество од османлиското време а тоа е само факт кој ја потврдува моќта која ја уживале османлиите наоколу. :) значи посочив дека имале моќ и дека тоа е видливо и сега.
Не сметам дека си компетентен да ми расакжуваш за османлиите и не сметам дека требаше да ме нападнеш без причина.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Има доволно познавања само не гледам од каде ги виде ти моите сфаќања и идеи од еден наполно точен факт кој еве ти го повторувам : Има голема трага во нашево општество од османлиското време а тоа е само факт кој ја потврдува моќта која ја уживале османлиите наоколу. :) значи посочив дека имале моќ и дека тоа е видливо и сега.
Не сметам дека си компетентен да ми расакжуваш за османлиите и не сметам дека требаше да ме нападнеш без причина.

:) не се работи за никаков напад погрешно си ме разбрала да појаснам вака колку и да е силна турција денес и таа си има свои непријатели тука се курдите, иран, сирија, па и грците им се заколнати непријатели, така да прашање на време е кога истата ќе се распадне, кога во почетокот се распаднала како империја на три континенти што станува збор за наредните 100 години кога нема од неа да остане парче.
о и те како сум компетентен да ти раскажувам за османлиите добар дел од нашава историја ја знаам кога сакаш и во било кое време можеме да дискутираме по оваа тема :)