Општеството и машко-женските односи

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Вчера добив критика дека сум љубител на чат-разговорите, ама тоа е само затоа што само такви теми се отвараат, па ајде реков да отворам нешто различно, па можеби ќе се разбудат девојките, па и момците и тука нема да има чет разговор.

Беше многу големо прашањето за да би го поставил во насловот но сега следи:
Зошто велиме дека родот е производ на општеството и како општеството ги разликува машко - женските односи.

Би сакал тука да се фокусираме врз тоа какви се стегите што ги создава општеството;
Колку се согласувате дека треба да има многу драстична поделба;
Што мислите за она мислење дека ако е машко бебето, собата треба да е сина, а ако е женско треба да е розева;
Што мислите за тоа дека машко дете треба да игра со колички, а женското со кукли?

Своето мислење ќе го изнесам подоцна.
 
  • Like
Реакции: lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
Хм.. незнам :biggrin
Не сум за толку драстична поделба. Ама па и не сум за потполно изденачување. Зашто без разлика на општествената поделба, факт е дека си постои биолошка поделба која не може туку така да се заборави.
Мене ми се допаѓа тоа, женското да е асоцијација за нежност, а машкото за заштитник.
Оттука и за боите донекаде се согласувам. Розевата ми е и премногу нежна за да би му ја наметнувала на синот.
Од друга страна, сината не ми е строго одредена за да речам дека е повеќе машка одошто женска.
Собите не им се ни сина, ни розева, ами повеќе кремасти, намештајот е речиси ист и кај двајцата, едноставен, нема завеси ни со принцези, ни со спајдермени, ама сепак има ситници по кои веднаш се забележува која соба чија е.
На ќерката е секогаш топ средена, на синот.... не баш :biggrin
Во таа на ќерката има дезодоранси, шминки, ланчиња, шнолички, секое на свое место и никој не смее да ѝ чепка без дозвола.
Кај синот, еден куп стрипови на сите страни. А тој одвај чека некому да му се смачи да прескокнува преку нив за да се движи низ собата, па да ги собере и нареди сите кај што им е местото. Некогаш му успева, некогаш сакал-не сакал самиот си средува. И потоа 3 дена се фали колку е добар и вреден :biggrin

За играчките, не мислам дека тука треба да има поделба. Моите играле и со колички и со кукли. И двајцата. И ден денес играат заедно. Ги собираат сите играчки на куп и си прават цели приказни. Тоа што им фали си го цртаат на хартија, па така имаат нацртани улици, куќи со соби, продавници, училишта... Тие ги редат на подот во едната соба, а после со куклите, количките, роботите.... играат по цел ден. Толку се мирни што заборавам дека се дома.
Кавгата почнува кога сето тоа ќе треба да се прибере :biggrin

Се расприкажав :)
Ај попосле ќе продолжам :biggrin
 
  • Like
Реакции: Devil, JaMi and Arkantos

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
57
30
18
Опшеството не ги создава бадијала маж асоцира на сила моќ. ,Жената на нежност.никој не ги поделува но самата природа го прави тоа колку и жените да се тркаат со мажите едноставно немаат доволно сила(физички мислам)исто така имаат и различни идеали.
кој се делат на машки,женски....
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Опшеството не ги создава бадијала маж асоцира на сила моќ. ,Жената на нежност.никој не ги поделува но самата природа го прави тоа колку и жените да се тркаат со мажите едноставно немаат доволно сила(физички мислам)исто така имаат и различни идеали.
кој се делат на машки,женски....
Прашање: работна позиција: Инспектор, би можела да биде жена?
работна позиција: Стилист, би можел да биде маж?
 
  • Like
Реакции: Luckky

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,635
5,809
1,153
27
Western Sky, Land of Oz.
Опшеството не ги создава бадијала маж асоцира на сила моќ. ,Жената на нежност.никој не ги поделува но самата природа го прави тоа колку и жените да се тркаат со мажите едноставно немаат доволно сила(физички мислам)исто така имаат и различни идеали.
кој се делат на машки,женски....
Абе ајде што зборуваш?
Дали на моќ не би асоцирале Катерина II, Индира Ганди, Викторија I , Маргарет Тачер? Па дефинитивно помоќни од гротото мажи денес.
Исто како што на нежност ме потсеќаат Ед Ширан, Џејмс Артур и така натаму.
Различни идеали? Баш ме интересира кои?
Не , напротив.

Се е во нашите умови, ние ги креираме стегите - само ние можеме да ги срушиме. Не треба драстична поделба. Секој треба да си го одбере својот пат во животот. Можеби некој сака да биде стилист, некоја девојка војник. Многу личности се "покадарни" во струките кои се карактеризирани како професија од спротивниот пол. Секој со своите желби и интереси. Како што и боите или играчките не се никаков репрер за тоа.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
549
629
93
Ми се допаѓа што Македонија се повеќе ги руши тие стеги.
Не смееме да наметнуваме некому да биде ,,моќен,, или ,,нежен,,.
Се повеќе жени се на раководна функција, од причина што се многу помотивирани за истото отколку мажите.
Свесни се дека без образование и упорност ќе завршат како неостварени домаќинки и ќе се подложни на туѓи ,,наредби,,.
Почесто гледам неисполнети мажи од жени, и мислам дека кога мажите ќе се опорават од ,,шокот,, кој го доживуваат, ќе се стабилизираат нештата и земјава, во тој поглед, ќе можеме да кажеме дека нуди рамноправни услови за двата пола.
Не е дека сега законски не ги нуди, проблем имаме со меѓучовечките односи.