Онлајн настава во време на пандемија

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,336
7,016
1,153
Big Sur
Ко професор, не може а да не ме интересира темава, иако за среќа (навистина за среќа, ќе скренев) не работам по струка.
Сите овие случувања прават и да ми е мило и никогаш да не посакам да работам како професор.
Причините се многубројни.
Ко прво, свесни сме дека образованието (и кадрите) и пред ова ни беа на работ на пропаста, но сега веќе сите карти се сосема на виделина. Се сеќавам уште во средно, кога компјутерите беа свежо воведени, дури и после години работа и специјална обука, имаше професори кои врска немаа што да кликаат на е-дневник, викаа седиште за куќиште, викаа дека компјутерот е покварен кога всушност само мониторот беше исклучен, итн.
Денес слушам и читам како не знаат како да пратат групен мејл, па спамаат со лошо сликани и рачно напишани домашни задачи и ги праќаат во ниедно време на Вибер и не знаат кај да ги најдат примените слики со домашни, па не можам да останам рамнодушна.
И онака кадрите се неписмени, многу ученици се незаинтересирани, спијаат на онлајн часовите, родители пишуваат домашно, професори не знаат како да испратат материјали...
Дали е воопшто можно едукацијата да стане бетер?
Ако сте ученик/студент или родител, како се справувате со ситуацијава? Дали чувствувате дека вие или вашето дете го добива(те) соодветното знаење?
Мои другарки, кои предаваат по приватни училишта за странски јазици, имаат доста потешкотии, што онлајн, што во живо.
Што е пак со барањата за физичко присуство? Овој дел никако не ми е јасен, имајќи ја предвид моменталнава ситуација.
Ајде за државниве има закон, но голем, ептен голем број бараат (и добиваат) физичко присуство во приватните училишта за странски јазици. Дали толку не можеме да го фокусираме вниманието за еден час од дома, па инсистираме да сме таму бидејќи така ќе мора повеќе да внимаваме или пропуштам нешто?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: -alf- and Outrider

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
277
1,063
Скопје
Како набљудувач од страна - мислам дека е фарса онлајн наставата. Колку да се рече дека имало настава.
Ако досега излегуваа неписмени ученици после настава со физичко присуство, тек сега ќе биде бетер.

Подготовка во 5 до 12, професори информатички неписмени, напикани во средни и основни училишта по партиска линија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,336
7,016
1,153
Big Sur
Како набљудувач од страна - мислам дека е фарса онлајн наставата. Колку да се рече дека имало настава.
Ако досега излегуваа неписмени ученици после настава со физичко присуство, тек сега ќе биде бетер.

Подготовка во 5 до 12, професори информатички неписмени, напикани во средни и основни училишта по партиска линија.
Од истото се плашам и јас.
Ко прво не може полуписмен професор некого да едуцира, а башка што интересот на огромен дел ученици е во минус. Знам дека и јас да сум сега средно (ај во основно учев многу), би дремела ради-реда на час, исто ко што во средно и „слушав“ од што мораше, а во суштина професорот ќе си седнеше и ќе си читаше од книгата (па дури и на факултет ги има вакви). Ако е за тоа, знам и сама да прочитам или дома ќе ми читаат уз кафе.
Ја фатив малку и програмана на МТВ, благо речено, поједе ме туџа срамота.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,842
2,663
1,683
Han Wavel
Пред некој ден на мтв, ама 3-4ти канал мислам беше, имаше час по математика. И се пушта професорката и пола се слуша пола не, ко да е со лаптопот на дното од бунарот, и вика еве вака ова се дели со тоа она се собира со тоа, ваму се спушта овој број и толку. После тоа им дава домашно и толку. И сега како ќе се научи математика од читање? Еве јас разбрав што збореше ама после ко ќе го фатиш пенкалото курац знаеш. Да не почнувам со тоа дека на сред предавање наеднаш се губи и слика и се, ама ај ќе научат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Proton

Староседелец
12 февруари 2012
148
277
1,063
Скопје
Абе гарант никој не ја ни гледа.
Целата програма е колку да се каже утре - ете преземавме чекори, имаше настава, не е наша вина децата што не ви биле пред ТВ да гледаат настава!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Lucifer

Староседелец
14 февруари 2012
6
6
1,003
26
Touchy subject. Од една страна имаш доста неписмени учлители и можност за бегање од часови како никогаш до сега, а од друга страна имаш непознат вирус кој дивее по училиштата и градинките и кој многу лесно може мало дете да го однесе дома кај своите родители, баба и дедо и остали што може да се заврши со тешки последици.

Онлајн настава во формата во која е прикажана кај нас - не, а онлајн настава испланирана и изведена како што треба со сите подготовки и салтанати, но и поделена на физичка со онлајн настава е цврсто да.

Заборавив да напоменам дека невозможно е да се одржи таков вид на настава со технолошки неписмени наставници, родители и деца. Educate first, do later.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,336
7,016
1,153
Big Sur
Секој месец ми стигаат мејлови за анкети околу тоа како сум задоволна од онлајн наставата и професорите.
Им пишав на службата дека минаа веќе две и пол години како завршив со наставата, да ме тргнат од листа.
Денес пак ми стигна мејл. Веќе ќе почнам да пишувам глупости пошто и така не читаат, дури и кога навистина ми требало информации од студентски или деканат и немале гужви ко сега, не враќаа дури не си појдеш лично, па макар патувал три часа од друг крај на државава за 5 минути прашање.
Телефони им се па непознат поим.
УКИМ, багро...