Омилено вино

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Какво вино преферирате ? Pозе,бело, црвено?
Јас сум голем обожавател на вино .:D
Најмногу сакам црвено вино, било домашно или не. ;)
Пијам и бело вино ама црвеното ми е незаменливо.

Омилено црвено вино без конкуренција ми е Витач.



6271g.jpg




Зошто е корисно црвеното вино?

Секојдневно се откриваат сè повеќе и повеќе причини зошто е корисно да се пие црвено вино. Многумина велат дека овој божествен пијалок, консумиран во умерени колични е здрав. Виното е најпопуларен алкохолен пијалок, и е составен дел од многу европски и медитерански култури. Не се работи само за вкусен, туку и за значително здрав пијалок. Препорачливо е консумирање една чаша вино во текот на денот, бидејќи таа количина има корисни својства. Претераното консумирање секако дека нема позитивно влијание врз огранизмот.

Здрав мозок и здраво срце

Научно е докажано дека луѓето кои консумираат вино, една чаша дневно, имаат подобра меморија од оние кои не консумираат. Виното спречува згрутчување на крвта и воспаление на крвните садови, а тоа се тегоби кои предивикуваат срцеви заболувања. Покрај тоа, виното го зголемува т.н. „добар“ холестерол, кој го спречува затнувањето на артериите.

Витка линија
Студиите покажуваат дека луѓето кои пијат вино се повитки. Луѓето кои секојдневно консумираат вино имаат потенок струк и помалку масти во пределот на стомакот. Алкохолот кој го содржи виното го стимулира телото побрзо да согорува калории. Но сепак, бидете внимателни, бидејќи претераната количина вино предивикува здебелување.


Подобар имунитет


Една британска студија покажува дека една чаша вино дневно го намалува ризикот од добивање „Helicobacter pylori“, бактерија која предизвикува гастритис и други проблеми во дигестивниот систем. Освен тоа, виното го намалува ризикот од труење со храна. Значи, виното ги подобрува функциите на имунолошкиот систем.
Поцврсти коски

Виното го зголемува нивото на естроген, кој го забавува „трошењето“ на коските со текот на годините. Оние луѓе кои консумираат вино имаат посилни коски од оние што не го консумирaат.

Менопауза без последици

Според спроведеното истражување на Харвард, консумирањето вино во периодот на менопауза штити од дијабетес – тип 2. Не е јасно зошто, но се чини дека виното ја намалува инсулинската резистенција кај луѓето со дијабетес.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
oo да, Витач и Alexandria!
Виното афродизијаче на прво место! И не само за тоа де.. арно е напишано погоре :p
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Wild.One

Истакнат Член
17 јуни 2012
197
147
343
Wonderland
Црвено домашно и нормално кавадаречко, не сум навикната да пијам купечко :D Едвај чекам зимо!!
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
мојот алкохолен пијалок, друго од алкохол не пијам ништо, само вино :) и било какво да е, само бело да е, црвеното и розето не ми се убави :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ако пијалокот се вика вино погоден е, а богами и добродојден :giggle
Обожавам да си го пивкам многу повеќе отколку некој жесток пијалок.
Пијам секакво вино. Најчесто позајмувам од колекциите на дедо, а плус и сам прави црвено - едно убаво како сокче да пиеш. Мераци :showoff
Вила Мариа си го преферирам онака заради името, многу ми се допаѓа, лесно е, а тоа што е економично е плус :)