Оксиморони

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
26
Наведете неколку оксиморони кои ви се на вас интересни.
Еве неколку од мене:
- жив мртовец
- млад старец
- мек камен
- блиска далечина
- некаде се белееше нешто црно
- организиран хаос :rofl
- оригинална копија...
Многу ми се интересни, а пред 2 дена дознав како стварно се викаат (оксиморони) па ете и тема да отворам :)
 

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Нешто црно се белееше во блиската далечина, таму еден млад старец седеше на дрвен камен и тивко се дереше - еј ти ваму, дојди таму! :)
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
416
707
1,103
Во блиската далечина, на еден дрвен камен, седеше еден млад старец, пушеше стаклено луле и се прашуваше - Дали стаклото настанало од џам (happy)
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
-мртов озбилен :rofl

Сега во моментот други не ми текнуваат.

Не е ова оксиморон. :)

Иначе интересна појава се.
Света блудница, слатка горчина, студена топлина, сува вода, безгрешен грешник итн...
Премногу ги има, дури и секојдневен пример ко „слепо око“ е оксиморон.