Око за око | Црнобело Форум

Око за око

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Значи Dr. House :) како прво не ми ги кради статусите :)))) :D и како второ дали виде што ти искоментирав дека некои "јагненца" не треба да се "каснат" туку да се "изедат" .... но како што ти реков "се уште не сум дотолку огладнела па имаат уште време да бегаат" :D
И не не е точно тоа дека ским си такав си - се додека знаеш кои ти се принципите и ако решиш да се држиш до нив никој нема да може да те промени но понекогаш мора малку да се покажат заби чисто колку да знаат дека таа игра што ја играат е меч со две острици, и ако решиш прв да започнеш со "касањето" тогаш мора да си добро подготвен и за повратен удар затоа што можеби спротивната страна има угриз кој во еден потег би те докрјачил........ Во нашево општество 80 % од спроведувачите на АКЦИЈА подоцна не и се достојни на РЕАКЦИЈАТА што заслужено ке си ја добијат, односно лесно е да се посее зло но тешкото доаѓа кога "сеачите на сред берба увидуваат дека немаат доволно механизација" да го завршат она што го почнале.;)
А сега Конес лаку ноч :sleep



ААА не не сум ти го украл статусот, потенцирано ми е дека е виден на фејзбук, а не казав од каде точно(да не нарушам нечија приватност), туку темава е само инспирација од тој статус ;).
п.с. Ти казав дека тој не е уводот, ами е тој подоле, односно поопширно објаснување за темата.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Еве да се обидам повторно:)
Да предпоставиме дека различноста би била присутна, човековите способности усовршени до потенцијалниот максимален степен на секој поединец. Се друго да остане исто како што опишав во предходниот пост, во спротивно би ја опишувала третата варијанта.
Сите човекови способности да бидат развивани и усовршувани со цел да му се помогне на целото човештво, несебично...
Поединецот да се стреми кон тоа што повеке да посее но под услов да не ги бере сопствените плодови, туку несебично и безусловно да ги предава на останатите, притоа добивајки еднаков дел од севкупната жетва, дел кој ке му биде доволен за да преживее и ништо повеќе.
Поединецот да учевствува во натпревари и конфликти(без касање) Конфликтот да не биде воден со цел да истакне еден или дел од субјектите туку со цел да се истакнат човековите способности и степенот до кој се развиени, ама под услов истакнатиот поединец или група да не се приврзува за плодовите кои самата победа во конфликтот ги носи, туку несебично и безусловно ги препушта на останатите.
За да биде возможен ваков вид на конфликт, сите различности и сите степени на развиеност на способностите треба да бидат подеднакво вреднувани - пак доаѓаме до потребата од еднаквоста
За да биде возможен ваков вид на конфликт сите учесници во конфликтот треба подеднакво да се радуваат на победата без разлика на тоа кој е победникот, победата да биде сватена како победа на човештвото- пак доаѓаме до единството

Вака некако би изгледал конфликтот и вака некако би изгледала различноста кога би се елиминирало егото и се што е поврзано со истото пред се сетилата, бидејки од нив потекнуваат нагоните.
Но што е со нагонот за опстанок?
Ако човештвото успее да го достигне тој степен на духовна развиеност, за да може да ги контролира нагоните и да не им робува на сетилата, дали уште долго ке го продолжува својот вид?

Сетелита се само средство за комуникација и ништо повеќе. Нагоните доаѓаат од друго место.
Љубопитноста е силен стимул на нагонот за опстанок, кој не смее да се подцени. А живееме во свет во кој има многу прашања, а многу малку одговори, така да мислам дека ќе го продолжи.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сетелита се само средство за комуникација и ништо повеќе. Нагоните доаѓаат од друго место.
Љубопитноста е силен стимул на нагонот за опстанок, кој не смее да се подцени. А живееме во свет во кој има многу прашања, а многу малку одговори, така да мислам дека ќе го продолжи.
А поради што се раѓа љубопитноста? Сетилата се оној отровен и непресушен извор од кој извираат нагоните,желбите, потребите... бидејки се ненаситни... колку повеќе ги задоволуваш, толку повеќе се гладни...
Нагонот не би постојал доколку субјектот не е подложен на сензации, не би се појавила ниту трошка љубопитност, а основните потреби за живот би представувале само моментален стимул за да се продолжи опстанокот, а кога ќе помине чинот на задоволување на тие потреби, тогаш човекот станува лесен плен на природата благодарение на одсуството на таа длабока и непресушна жед.
 

kones

Истакнат Член
14 февруари 2012
122
119
343
Една група на луѓе мислат дека имат решение за нашата проблематика, е сега колку можеме да и веруваме на валидноста е друго прашање, ме интересира вашето мислење?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Умм... зависи од степенот на штетата што ми била нанесена.
Никогаш не сум била дете цвеча, па да го вртам и другиот образ, ама па не сум ни некое злопамтило за глупости. За работи што не ме тангирале, едноставно баталувам (а ја баталувам и личноста) и знам дека кога-тогаш нешто ќе им се врати. Не го нарекувам тоа карма, туку дека ако направиле една глупост со мене и сум простила, евентуално ќе ја направат и со други кои нема да им простат.
За оние што навистина ме повредиле (а треба многу за да дојде до тоа), може ќе цркам, ама не барам веднаш одмазда, туку си чекам прав момент. Не е проблем и години да минат.
Заклучно: не верувам во она "An eye for an eye will leave the whole world blind". Може некој свет пред 50-60 години кога просечниот човек молчел за да не настане скандал, да не биде тема на разговор, да не ова, да не она, но денес сите сме (помалку или повеќе) волци и невадењето око на тој што ти извадил око е глуп потег, не за поздрав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider