Озборување

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Озборувањето е споделена негативна енергија меѓу озборувачите. Не сакам да озборувам и не сакам да слушам кога другите озборуваат, но кога ќе слушнам дека ме озборуваат, враќам со озборување на озборувачите. Озборуваат само искомплексирани луѓе кои не си го ценат времето и целта им се туѓите животи. Ако нешто мислам за некого и ако е неопходно да го кажам , тоа го правам во лице,а не да зборувам по кулуари. Озборувањето се залудно потрошени зборови кои некого би повредиле. Не навлегувам во тоа колку е тоа вистинито или не.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and Outrider

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
  • Дали (често) оговарате?
    Не оговарам, не осеќам отреба за тоа, башка ептен глупо ми е некому да зборам зад грб боље тоа што имам во фаца ќе му го кажам
  • Дали некогаш сте биле мета на оговарање и зошто?
    Речиси секој од нас бил без разлика дали имало или немало причина
    луѓе што те мразат секогаш ќе има
  • Што сметате за тие што оговараат?
    За таквите велам дека се дволични и нелуѓе, едноставно ги избегавам
  • Како сте реагирале доколку сте биле мета на оговарање и за се тоа сте дознале?
    Најсмирено
    не им давам значење на луѓето кои зборат зад грб
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сите озборуваат, дури и повеќе од што мислат дека озборуваат.
Не, не, молим те.
Тоа е спонтано и ненамерно примање информации чие понатамошно споделување е клучно за нашето или нечие постоење.
Едно е ти да речеш дека случајно си приметил, друго е со умисла и директно да почнеш да оговараш. Немој вака во ист кош да ставаш, може некој што збори за нечиј мрсулав нос, сака културно да ти каже да го исчистиш твојот. Тие што оговараат ги неќеме и не сме ко нив, ок?позз
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Само несреќните озборуваат!Колку е човек понесерќен толку повеќе ги озборува другите!
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Само несреќните озборуваат!Колку е човек понесерќен толку повеќе ги озборува другите!
Бре мајката,јас не сум знаела дека сум била несрекна,бре,бре.Оговараме на велико,секаде,на секоја седенка,на работа,па и тука на форумов.Голема оговарачка сум била!?Па денешните моабети се тоа,гледање во мобил.и коментирање кој каде бил,јој види каква слика ставил.....
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Озборување&Оговарање пропратено со шепотење и ставање раката на уста,додека очите прават разноразни гримаси....ВРВ!
 

corki

Староседелец
21 декември 2013
542
449
1,073
Бре мајката,јас не сум знаела дека сум била несрекна,бре,бре.Оговараме на велико,секаде,на секоја седенка,на работа,па и тука на форумов.Голема оговарачка сум била!?Па денешните моабети се тоа,гледање во мобил.и коментирање кој каде бил,јој види каква слика ставил.....




Е не лути се,тоа е пишано правило!А сликата ќе ја сменам!
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Е не лути се,тоа е пишано правило!А сликата ќе ја сменам!
Алоо,не реков за твојата слика,за сликите на фб што ги ставаат и коментираат,и не се лутам а и зошто би се лутела,родена сум слатка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo