Оживување на природно изумрените животни - да или не?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Скоро некаде прочитав дека е возможно оживување на мамутот во Јапонија со клонирање. Како што знаеме мамутите исчезнале од земјата пред 5-10.000 години. Не е исклучено опцијата и луѓето да се виновни за неговото исчезнување. Но поверојатно е да изумреле од промена на климата.

Мене не ми смета ако се оживеат. Покрај тоа, оживувањето на изумрените животни би можеле да ни дадат корисен увид во механизмите на еволуцијата, нови сознанија за болести, генетика и итн...

Што вие мислите околу ова прашање, дали треба да се оживеат и зошто?

Јас на нивно место би го оживеел исто така:

Пештерскиот лав: еден од најголемите лавови кој некогаш постоел - изумрен пред 2.000 години
a98_cavelion.jpg


Пештерскиот лав, истотака познат и како Европски или Еуразиски пештерски лав, е изумрен подвид на лав познат од фосилите и од широката палета на праисториската уметност. Овој подвид бил еден од најголемите лавови. Возрасен мажјак, кој бил пронајден во 1985 близу Siegsdorf, Германија, до рамењата бил висок 1.2м и широк 2.1м без опашката, која била иста големина како денешните лавови!
Очигледно бил изумрен пред 10.000 години, но има индикации дека е изумрен од не толку одамна – пред 2.000 години на Балканот.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Мамутот нека го оживеат само. А изгледа најблиску се до него. А ништо чудно и да имаат научниците до сега оживеано некое праисториско животно. И да го кријат.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Пиринејскиот козорог е изумрен вид планинска коза од 2000 година. Користејќи ткиво од ова животно, на научниците им успеа да го клонираат.

Spanish_ibex.jpg

Иако клонираната дива коза умре кратко после раѓањето, поради физичките аномалии, ова се смета за големо достигнување во полето на клонирањето и ги зголеми надежите на научниците за во иднина дека ќе биде возможно да се клонираат други изумрени видови како мамутите, дури и динусаурусите. Дали тоа значи дека во блиска иднина Јура Парк ќе стане реалност? Да се надеваме дека нема да не снајде истото сценарио од филмот.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Зошто да не им се даде втора шанса на тие што се изумрени од човекот. Па ние сме ги ловеле и истребиле тие животни. Јас мислам дека добро е да се вратат тие животни што сме ги истребиле ние луѓето.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мамутот нека го оживеат само. А изгледа најблиску се до него. А ништо чудно и да имаат научниците до сега оживеано некое праисториско животно. И да го кријат.
Зошто да не им се даде втора шанса на тие што се изумрени од човекот. Па ние сме ги ловеле и истребиле тие животни. Јас мислам дека добро е да се вратат тие животни што сме ги истребиле ние луѓето.
Сеа одлучи се,мамутот само или сите "изумрени од човекот"? :giggle (facepalm)

Против сум да се чепка во минатото.
Па ајде и Тито и Хитлер да ги оживееме.:unsure
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Голем дел од животните не се изумрени, туку мутирани.Единствено водниот свет е онаков, каков што бил милиони години, со мали мутации на ептен локалните водени жители кои биле статични - не променувале локација.
Еве едно најпраисториско животно се смета дека е праисториски предок на скоро сите животни:


И да, плива наопаку.

Далје, предци на диносаурусите денес се сметаат кокошките. Со тек на време, гравитацијата се зголемувала, што е нормално за живиот свет да намали на големина, така да ако денес просечен раст на човекот е 1.80 метри, тогаш ние би биле џуџиња за нашите предци. Кокошките се сметаат за мини диносауруси, а сите влекачи и останати животни што се размножуваат со јајца, водат античко потекло.Ако се оживува диносаурус, потребно е да се најде генетски материјал кој не се уништува така лесно по природен пат.Доста јајца се најдени од диносауруси, па може да се добие некој микс, на диносарус + кокошка. Единствено ќе изгледа ФИЗИЧКИ дека е диносарус, додека клонирањето менталитетот на тие животни, би требало да остани засекогаш во минатото.
 

vitocorleone

Староседелец
27 јуни 2012
75
39
1,018
34
Нели е малку банално тоа, па ако требало да се живи сега би се шетале некаде низ природа, јас мислам дека дури е и жално за кутрото животно што ќе го добијат како резултат на некоои чудни соедниненија, жално ми е некако.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Да зошто да не , па тоа би бил голем успех ,а и љубопитноста на луѓето да го видат тоа што не можеле да го видат доколку тоа би било стручно направено без никаков губиток кај постоечките животни !