Облекување на миленичиња | Црнобело Форум

Облекување на миленичиња

Glory

Истакнат Член
8 септември 2013
27
13
103
Сите си ги сакаме миленичињата, ама во последно време како што забележувам малку се претерува, барем според мене, во нивното облекување како да се мали деца. Ги сакам сите животни и некои од нив може да изгледаат и навистина слатко во некоја блузичка, но она што го гледам во оваа група https://www.facebook.com/pages/PETS-Butik-za-domasni-milenici/705751146178136 според мене е претерување. Чипкани гаќи и целосни тренерки...:unsureвеќе не личи ни на куче. Па кошули? :eek Пак ќе кажам, убави се со по некое деталче, ама мислам дека некако не оди да се шета детето во количка и кучето за ланче, облечени исто.
Ваши мислења?:cool:
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,199
1,133
Често гледам облечени кучиња во нешто како елече или јакна кај некои изгледа добро кај некои не.
Јас не би облекол куче освен ако надвор е зима и е многу ладно затоа што тоа ми наликува на измачување на кучето но и на голема глупост
Продавнициве за чипка фармерка и што уште не за кучиња ги сфаќам дека тоа го прават за пари ама луѓето кои се лепат на нивните излози.
Постои слична мода за кучиња која е уште поглупа а тоа е фарбање на кучињата и носење на фризер Кучето не поднесува фарби парфеми и слични хемикалии но човекот за да се забавува му штети на кучето

Замисли влагаш еден ден у бутик за кучиња и гледаш хулахопки и подвезица :D
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,525
14,437
1,683
Таму каде што треба
Јас разбирам некогаш да земеш да облечеш куче,маче чисто од забава и да се насмееш од мерак,но постојано да го облекуваш во разни алишта веќе е изживување,а и скренување со паметот од моја гледна точка.
А сеа некој ќе рече''па ладно е,мораме да го заштитиме од студот мојот Џеки,па му земавме јакничка''.
Кое ладно (facepalm),па животните си имаат крзно со кое се штитат од студот.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Јас разбирам некогаш да земеш да облечеш куче,маче чисто од забава и да се насмееш од мерак,но постојано да го облекуваш во разни алишта веќе е изживување,а и скренување со паметот од моја гледна точка.
А сеа некој ќе рече''па ладно е,мораме да го заштитиме од студот мојот Џеки,па му земавме јакничка''.
Кое ладно (facepalm),па животните си имаат крзно со кое се штитат од студот.

Има раси на кучиња што немаат дебело крзно а се чуваат во места со постудена клима или пак сезонски мора да се штитад од студ, загреана просторија или ако се шета надвор специјална облека, за чивава најчесто се практикува тоа. А модата што е дојдена со наочари,капчиња кошули, бог да чува.(facepalm)
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Што се чудите, јас имам видено куче со нараквици за да не гази босо на ладниот снег. Од премногу слободно време и пари луѓето се мрднаа, па почнаа и милениците да ги облекуваат. Уште малку и на фризер ќе ги носат.
 
24 јануари 2015
7
10
3
Тука
Јас разбирам некогаш да земеш да облечеш куче,маче чисто од забава и да се насмееш од мерак,но постојано да го облекуваш во разни алишта веќе е изживување,а и скренување со паметот од моја гледна точка.
А сеа некој ќе рече''па ладно е,мораме да го заштитиме од студот мојот Џеки,па му земавме јакничка''.
Кое ладно (facepalm),па животните си имаат крзно со кое се штитат од студот.
Фрли пинчер или чивава во снег, за 2 минути ќе цркне. Кучињата како Акитите, Хаските, Маламутите, Самоједите, Њуфаундлерите, Бернардинците и сл имаат 2 слоја крзно, но кучињата како Пинчерите, Малтезерите, Мини Пудлите, Чивавите, Померанците имаат еден слој крзно кој не ги топли, односно топли колку што нас не топли една блуза во зима.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,525
14,437
1,683
Таму каде што треба
Фрли пинчер или чивава во снег, за 2 минути ќе цркне. Кучињата како Акитите, Хаските, Маламутите, Самоједите, Њуфаундлерите, Бернардинците и сл имаат 2 слоја крзно, но кучињата како Пинчерите, Малтезерите, Мини Пудлите, Чивавите, Померанците имаат еден слој крзно кој не ги топли, односно топли колку што нас не топли една блуза во зима.
Па не би рекла,@4FUN има Пинч и не умрел на снег иако во живот нема облечено ништо.[emoji1] (дека е чукнат во главата)
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,515
1,183
Big Sur
Денес видов преслатко, мало малтезерче во елече со капче. Иако неретко мислам дека е глупо помодарство, па и ептен одат минус температуриве, а слатки се многу така облечени, нема што да се правам дека не ми се допаѓаат.
Не ги сакам оние ко Парис Хилтон што го лупаше тоа чивавчето во бисери, дијаманти и остали шљокасти ствари и го шеташе во торба на 30 степени така облечено. Другово, посебно вака зимно време, баш е слатко.
Баш би сакала да видам некое големо куче во дукс. :zelen