Облека според формата на телото

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Честопати сме сведоци на утки кога станува збор за тоа како некому стои одредено парче облека.
Иако никој не сака нешто лошо да му стои, сепак тие утки се присутни.
Покрупните често бираат поголем број на облека која дополнително ги здебелува, оние со поголем стомак бираат тесни или тн. уз тело маички кои дополнително го истакнуваат стомакот...
Ниските луѓе би требало да носат облека која визуелно ќе ги издолжи за да не изгледаат како џуџиња,
подебелите облека која ќе ги истенчи итн.

Но колку внимаваме на тоа?
Колку знаеме да одбереме облека за нашата форма на тело?
Да, сите ние првин пробуваме, се огледуваме, па после купуваме, но колку сме успешни во проценката дека тоа е за нас?
Има неколку основни форми на тела
body-shapes-sketch-for-blog.jpg

Јаболко (рамениците пошироки од колковите, мала половина)
Круша (рамениците потесни од колковите, убаво дефинирана половина)
Песочен часовник (рамениците и колковите се приближно исти, со дефинирана половина)
Правоаголник (рамно тело без облини)
Според ова би требало да се водиме при купување на облека.

Колку тоа го практикуваме?
Дали претходно сте определиле каква форма има вашето тело и дали внимавате на тоа при купување облека?
Како ги истакнувате вашите атрибути, а како ги прикривате негативностите со помош на облеката?
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Не ни знаев дека постоат вакви поделби па да внимавам. А на која форма каква облека одговара??
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Никогаш не внимавам. Инаку формата ми е песочен часовник :stomp. SHIT! Во половината сум слаба, а колковите и раменицицте ми се гооолеми. Не ќе можам соодветен фустан за матура да си најдам.:unsure
 

Lara

Нов член
29 февруари 2012
9
26
3
35
не сум сигирна дали сум круша или песочен часовник...а на облеката не внимавам баш нај нај, а треба, зошто се прикрива малце од малце :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Најдов една статија за тоа на која форма каква облека одговара.
Јаболко
Предности на оваа форма се големите гради и слабите нозе, па нагласете ги нив прикривајќи го стомакот. Не одбирајте тесни струкирани фустани кои ја истакнуваат половината, подобро одберете деколтирани долги фустани, или кратки здолништа кои ќе ги истакнат нозете.
Круша
Поради тенката половина и женствените колкови, овие жени и девојки се заводливи и привлечни. Со ваква форма на тело не нагласувајте ги градите, одберете тесен фустан кој ќе ги истакне вашата половина и задникот. Здолништата со висок струк се вистински пријатели на овие жени.
Песочен часовник
Добредојдено е сè што ќе ги истакне вашите гради и колкови, но не и двете истовремено за да не изгледате вулгарно. Одберете здолниште со нагласена линија по вашата половина и колкови, маици со деколте во „V“, пантолони со висок струк… Носете тесна облека, бидејќи со широки парчиња може визуелно да си додадете некој килограм поради формата на вашето тело. Сепак, внимавајте облеката да не е претесна. Можеби е подобро да одберете еден број поголем од оној кој ве собира, со цел правилно да ја истакнете вашата фигура без да бидете нападни.
Правоаголник
Всушност немате делови за прикривање, туку делови кои не се доволно нагласени. Одберете фустан со нагласени рамена, широк во делот на колковите, и ремен или појас на половина.
 

Nicole

Староседелец
27 јуни 2012
249
226
643
Сум знаела дека формата ми е круша, но не гледам според тоа да се облекувам, ако ми стои нешто одма го купувам:)

И еве уште нешто за формите:)

Јаболко
Сличен термин за оваа форма на тело е превртен триаголник.
Загрозени области – Масните наслаги брзо се наталожуваат на стомакот.
Физичка активност: пешачење, пливање, стомачни вежби, возење велосипед
Познати жени со форма на јаболко: Опра Винфри, Џејд Џегер, Дру Баримор…
Круша
Сличен термин за оваа градба на тело е триаголник.
Загрозени области – Колковите се израз на женственост, но исто така се слабост на жените со ваква форма на тело. Тие без проблем ќе ја зачуваат тесната половина или рамниот стомак, но мастите лесно се таложат на задникот и бутовите.
Физичка активност: пешачење, велосипедизам, џогирање, какви било вежби за оформување на задникот
Познати жени со форма на круша: Шакира, Бијонсе, Џенифер Лопез…
Песочен часовник

Загрозени области – Оваа форма е женствена бидејќи ги истакнува женските адути, но затоа многу лесно може да се појави прекумерна телесна тежина. Девојките и жените со ваква форма на тело мора да внимаваат на исхраната и да практикуваат физичка активност за да ја задржат привлечната фигура.
Физичка активност: вежби со женски тегови, велосипедизам, џогирање
Познати жени со форма на песочен часовник: Ким Кардашијан, Скарлет Јохансон, Селма Хаек…

Правоаголник
Слични термини за оваа градба на тело се банана или молив.
Загрозени области – Ова се слаби жени со брз метаболизам кои немаат тенденција кон дебелеење. Но доколку „качат“ некое кило, тие подеднакво ќе се здебелат и во горниот и во долниот дел на телото.
Физичка активност: вежби со тегови, лента за трчање, и какви било физички вежби придружени со исхрана која содржи многу протеини бидејќи најчесто имаат слаба мускулна маса
Познати жени со форма на банана: Камерон Дијаз, Натали Портман, Ева Лонгорија…