Облеката не прави „лесни“?

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Инспирација за темава ми е спотот на Јелена Карлеуша каде е облечена ко робот и Јужни Ветар ко седумте џуџиња. Што значи тоа?
Не.
Облеката и перцепцијата на/од околината...

Неретко, базирано на фрлање поглед врз некого, се чини дека знаеме да процениме што личност е според облеката која ја носи. Дали?
Металецот е смрден, несоцијализиран и член на секта (френдли римајндер: долго кака, слуша хеви метал и досадно му е дома), тој со рамбовката е сељак што дреме по теретана, таа во фармерки и маичка е прибрана, а таа со шорцеви - желна за внимание и...кхм...? Сите овие се коментари што сум ги слушнала од лица околу мене за некои кои на неколку секунди минале или седеле близу до нас. Стилот несомнено влијае врз перцепцијата, но таа дефиниција за „лесни“ кај секого се чини различна. Како некој го добива овој епитет? Според неговата промискуитетна (по сопствена дефиниција) облека или можеби несоодветната возраст и/или тело за некои парчиња? Некогаш и само jealousy much, можеби? (wasntme)
Каква е таа облека што „си го бара“ - најчестиот изговор за сељачење по некого? Што е „лесна“ облека? Ленена, памучна?...:D
Можеби повеќе делува феминистички настроено, но секако дека и мажите се соочуваат со слични етикети базирано на облеката која ја носат.
Дури и да се покаже дека однесувањето е сосема солидно, онаа „лесна“ слика ко повеќе да влијае „уз пролаз“.
Облеката зборува посилно од карактерот или сепак не?
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen

Ништо не те разбрав. Малку по на обичен начин објасни ми. И кој спот на Карлеуша е тој, која песна?
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
^ Премногу комплицирано, не? Од фина тема за муабет, ти се фати за дознавање на спотот на Карлеуша?
Небитно.
Облеката е одраз на карактерот на човекот, но не секогаш целосен. Многу е поважно како тој човек ја носи облеката, како се чувствува и како општи преку истата. И реално не секој има доволно пари, за секогаш да го тера стилот кој го сака. Јас лично го обожавам 50's стилот, но не можам да си дозволам цел плакар, затоа што е прескапо. На крај се задоволувам со по некое парче и повремено мечтаење.
Факт е дека секој еден од нас донел заклучок за дотичната личност врз база на тоа што го носи. Не може никој да ме разубеди. Јас имам другарка што кога прв пат ја видов помислив дека е прилично лесна девојка. „Лесна“ облека, јака шминка, изгорена коса. Подоцна кога почнавме да се запознаваме сфатив дека тоа девојче има душа подобра и помека од срединката на лебот.
Мислам дека нормално е да се формираат одредени мислења на база на облеката, затоа што нели, претпоставуваме дека човекот што ја носи на тој начин се изразува себе, но не може од едно поминување да се донесуваат конкретни и целосни заклучоци.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@Farfalla , couldn`t agree more.
Облеката е одраз на карактерот - ова секој кој го негира целосно или го живее зачараниот круг на претенциозноста или не сака да ја прифати реалноста. Our character is shaped by the way of life we choose to live...Тука се вклучува и облеката која ја носиме, поточно „комфорот“ или убавината кои таа облека ни ги пружа. Карактерот не` тера дали ние би експериментирале повеќе или помалку со истата, но од друга страна и зоната на комфорот не` „заштитува“ од истите тие карактеристики.
Доста битен момент е судење исклучиво според облеката на носење. Експерименталноста која се гради според вкусовите (тука еден од носечките столбови е и стилот на облекувањето) не покажува карактеристики на позитивноста или негативноста на личноста. Не можеш да кажеш дека тој и тој човек е лош/злобен/добрица/душа само по карактерот на тоа што го носи со себе. Тука е големата разлика која најчесто претекнува низ прстите на стереотипите.
 
FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Јас како нејзин фан ако не прашам за кој спот се работи кој друг треба да праша? Добро, сега разбрав за што се работи и дискутира во темава.
Значи по мое мислење секој човек има свои лични фантазии и замисли за својот надворешен изглед. Некои според музиката што ја слушаат се идентифекуваат, други гледале некој филм од 70- сетите и одма им се допаднал некое здолниште па ако имаат пари или го нарачуваат слично од интернет или одат кај својот шивач и го шијат. Трети пак не се замаарат со никакви трендови. Односно не де снобови на трендовите. Само гледаат да им е удобно во облеката.
Бидејки мислам дека ако не се чувствуваш удобно во тој корсет кој ти го одзема половина од здивот нема да го носиш секојдневно, друга приказна се луѓето на кои корсетот им е фетиш и не излегуваат ден и ноќ од него. Корсетот е само како пример спомнат.

Во мојата гардероба најмногу се застапени фармерките. Најмногу обожавам со растреглив материјал бидејки и да качам малку нс килажа се приспособуваат на мојата фигура. Имам и памучни маички на кратки ракави повеќето имаат некои откачени налепници како на пример една на германски : überall wo ich bin entsteht Chaos, aber ich kann ja nicht überall sein ! :) превод , секаде каде што сум настанува хаос, ама јас неможам да сум секогаш насекаде! :) имам и фустанчиња летни. Повеќе доминира црно белата комбинација иако зелено и жолто ни стојат инзвонредно оти имам зелени очи. Многу сакам светкави апликации или монистра на облеката. Нормално за перење - на рака. Имам една розева маичка со едно мече на неа. Мечето има светкави делови кои се баш на левата страна и кога ја носам ја оритираат кожата на раката. Па и не ја носам многу иако е супер. Сега за сега кратко не носам многу оти сеуште имам доста целулит и не изгледа секси туку застрашувачки.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сум слушнал од луѓе дека провокативната облека била rape bait. Ок сега, луѓе во поопуштена смисла на зборот, не баш некои амбасадори на видот хомо-сапиенс, umbrella term повеќе, под чие значење би можеле да влезат и павијани, но ете - постои таква перцепција.

Сепак ако се зборува за припадност кон одредена категорија, српска певаљка со минич е во категорија на неуспешни оперативни зафати на естетски хирурзи во подем, симбол на вечната транзиција на балканот и асоцијација за звуци/крици кои се поопасни од радијација.
Не знам за вас, мене кога би ме прашале дали би сакал да останам недела дена во Припјат или неколку часа во установа каде ечи певаљка - би се одлучил за дистопискиот бисер во братска Украина.

Од друга страна тешко е да се каже што луѓето сакаат да кажат со одредена облека. На пример ликови со јакни од Бундесверот и мало немачко знаменце на ракавот. Алтернатива i guess :unsure

$_35.JPG

Лично, преферирам црна боја или понекогаш црно-бела комбинација (негатив стајл:zelen), дали тоа значи дека имам почит кон далтонистите?
th_template-philosoraptor.jpg
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ништо не те разбрав. Малку по на обичен начин објасни ми. И кој спот на Карлеуша е тој, која песна?
Од кај да знам, ако ја начекам дури мењам канали, секогаш во фолија е замотана, ваљда да се изолира од вонземски сигнали. (think)
Се зезав, не е тоа ни темата, не е ни дали носиш маички, ово оно, туку ако си пример облечена во кратко нешто, со деколте, тони шминка и високи потпетици, дали тоа значи дека припаѓаш (не ти лично, општо збориме) на типот лесни женски т.е. оние што човек може да ги придобие рецимо за една вечер преку пијачка, или оскудната облека не мора да значи дека некој очајно пробува да улови некого?
 
Додека бев слободна а тоа во повеќето време бев (4 години) се облекував и со деколте и со тесни долги фустани и тесни фармерки каде ми се озтруваше задникот. Да се пофалам дека е за медаља. Но само гордо поминував покрај сите вџашени очи во град и ги оставав без здив. За било кој кој ќе се осудеше да ми пријде бев недопирлива и недостапна. А тоа да ме гледаат а неможат да ме имаат ми импонува многу.
Зависи која девојка како го сфаќа тоа. Ако е за една ноќ со некој и јебозовниот поглед ќе помогне па макар и до гуша да е закопчана. Нашко кажано на кој му мрда опашот му мрда и во кратко нешто и во долго. А ги има и оние раскинале долга врска и сега се за веза без обевеза и се облекуваат провокативно пред туѓите машки погледи да барем сега се осетат од други посакувано кога веќе во врската носела тренерки и фармерки широки два броја оти на партнерот не му била важна нејзината облека. Има периоди кога и ние жените сакаме да се осетиме посакувано. А како другачије него штикли шминка облека женственост. Се во одредена мера нормално. :) може забегав од темава но тоа е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Облеката е одраз на карактерот, ама мислам дека не секогаш.
Одиш по улица и сретнуваш девојка облечена во фармерки и ролка. Што проценуваш, каков карактер има таа? Мирна, тивка, повлечена, чесна? А, нели може да значи - из под мира, три вира? Или сретнуваш дечко со долга коса, црна маичка, пирс на веѓа и спуштени фармерки? Треба ли да значи дека е фраер кој е остар на дела и зборови? Или сепак може да се случи момчето да има меко срце?
Како што веќе погоре е споменато, она што го облекуваме е сплет на околности. Музиката која ни се допаѓа, филмот кој ни е омилен, парите и креативноста кои ги имаме. Не дека ако имаш многу пари многу добро ќе се облекуваш. НЕ, не никако. Познавам случаи каде парите не се проблем ама облеката што девојките ја носат навистина не изгледа добро на нив. Во денешно време, со малку пари можеш да си дозволиш пристојна и убава облека. Не којзнае колку шик и тренди ама се наоѓаат ефтини фармерки и маички.
Инаку, има развртанички со вкус и без вкус и стил за облекување. Не мора да значи дека секоја к***а носи краок шорц или секоја прибрана носи исклучиво фармерки. Не бре. Облеката треба да се комбинира убаво.
Во принцип кога ќе видам некоја во прекраток шорц на штикла ми се гади од неа. Ама некогаш шорцот е со примерна должина, искомбиниран со фина кошула или не многу разголена маица и тогаш се си доаѓа на место. Во суштина она што го облекувате треба да знаете да го носите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Lena and malo

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Жално, но вистинито. Се почесто луѓето ја применуваат фразата „Облеката го прави човекот“.
Реално гледано сите сме такви, тргнувајќи од фактот дека колку и да е човек „светец во душа“ она што прво не привлекува кон непознатите е нивниот изглед. Секојдневно сме сведоци на таквите работи. И мислам дека тоа така било уште од времето на Адам и Ева и така и ќе биде. :|
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Inna93 and Makedonec