Новогодишни резолуции | Црнобело Форум

Новогодишни резолуции

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,987
7,437
1,153
Big Sur
Моето пребарување не даде слична тема, па ако во меѓувреме најдам, ќе ја спојам.
Новогодишни резолуции се оние одлуки и планчиња што си ги кажуваме себе (или запишуваме) на почетокот на секоја година, но пошто работите никогаш не одат плански, нормално е дека неретко не успеваме да чкртнеме сè од листата.
Реалистични или не, кои се вашите планчиња за оваа година или малце потешко со планирање пошто видовме што се случува последниве две години?

Лично, годинава не планирам многу т.е. може да се каже дека планот ми е да бидам поспонтана и да излезам од комфор зоната.
Второ на листа е да шетнам некаде странство (не на одмор) неколку дена и да одморам мозок.
Трето, што е најбитно, но сепак не зависи сосема од мене - да останам во добро физичко и ментално здравје.

Толку е.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,331
5,840
1,683
Disco
Немам никогаш резолуции, работата е сведена на чист физички опстанок па онда ако нешто плус улета што да не, иако и тоа е се помалку и помалку. Уште една година болка и страданија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,987
7,437
1,153
Big Sur
Немам никогаш резолуции, работата е сведена на чист физички опстанок па онда ако нешто плус улета што да не, иако и тоа е се помалку и помалку. Уште една година болка и страданија.
Ај еве задај си задача колку можеш да ја оттргнеш мислата дека само болка и страданија ќе биде?
Baby steps.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

187 SB

Истакнат Член
11 септември 2019
78
63
318
Искрено и немам некои планови, односно никогаш не сум ги ни имал. Ги туркам работите, па како испаднат така. Од друга страна никогаш немам ниту преголеми очекувања, за подоцна да не се разочарам оти смачено ми е од разочарувања и неуспеси. Секогаш се спремам за најлошото, па ако испадне нешто добро ќе бидам пријатно изненаден. Во секој случај ми претстои тешка година како и сите претходни години. А планови и да правам и да не правам исто ми се фаќа. Најважно ми е во оваа година да не загубам уште некој од моето семејство, а за останатото не му ја мислам премногу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,331
5,840
1,683
Disco
Ај еве задај си задача колку можеш да ја оттргнеш мислата дека само болка и страданија ќе биде?
Baby steps.

Ех кога би можело тоа...ама еве неколку настани за кратко време повторно дното се допира :(
 
  • Sad
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,987
7,437
1,153
Big Sur
Ех кога би можело тоа...ама еве неколку настани за кратко време повторно дното се допира :(
Јас одам по она дека од дното може само нагоре да се оди после. Јес да во пракса не е секогаш така, ама ете, тоа само останува.
Тогаш ти посакувам сила за да дојдеш до момент кога ќе си речеш „Еј, па еве може и подобро“. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,331
5,840
1,683
Disco
Јас одам по она дека од дното може само нагоре да се оди после. Јес да во пракса не е секогаш така, ама ете, тоа само останува.
Тогаш ти посакувам сила за да дојдеш до момент кога ќе си речеш „Еј, па еве може и подобро“. :)

Thank you :)
Не се откажувам, мора барем да усреќам некоја ако ништо друго :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra