Ни претстои нова вирусна закана – Фокин грип?

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
По птичјиот и свинскиот грип, американските научници предупредуваат за уште една опасност, односно вирусот H3N8 или фокин грип кој може да биде следната вирусна опасност. Фокиниот грип е изолиран сој на вирус кој го пренесуваат фоките.



Податоците се аларманти предупредуваат научниците кои наишле на 162 мртви фоки на еден брег. Биле направени лабораториски анализи на 5 фоки и сите биле инфицирани од новиот тип на вирус H3N8.

Сеуште не е потврден начинот на кој вирусот се пренесува и размножува, но се знае дека освен на фоките може да се пренесе и на други цицачи, односно се претпоставува дека може да се пренесе и на човекот. Според досегашните истражувања на научниците потврдено е дека овој вирус е способен да напаѓа специфичен протеин кој се наоѓа во човековите бели дробови.

Научниците се сомневаат дека можно е птиците да го имаат пренесено мутираниот тип на вирусот во периодот кога владееше опасноста од птичјиот грип. Како и да е, се работи за опасен тип на вирус и комбинација која сеуште не сме ја виделе – вали д-р Ен Москона професор на Корнел- Медицинскиот колеџ во Њујорк, а воедно и шеф на истражувачката екипа.

Има причини за загриженост, додава таа и неопходни се навремени превентивни мерки. Научниците тврдат дека со ваков тип на вирус човекот сеуште се нема сретнато и додава дека доколку не се превземе нешто можно е наскоро тој да однесе многу животи. Сепак дали ќе се повтори сценариото со птичјиот и свинскиот грип или овој пат проблемот навремено ќе биде надминат, останува да видиме.

Што мислите вие за овој нов грип?

Дали ќе успеат да го совладат пред да направи хаос во светот?

Дали сте загрижени/исплашени за новиот грип?
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Чекајте сега, ваква вакцина, онаква вакцина, ова е лекот, она е лекот... Внимавајте, овде го има вирусот, онде го има вирусот. Пазете со ова, пазете со она...
Се е ова ветар на магла. Као демек порано не се разболувале фоките и не умирале? Сега почнаа да умираат? Кај беше вирусот до сега?
Туку ако сме реални, сега излезе од некоја американска лабараторија....
Истата фама ќе се крене како за птичјиот и свинскиот и на крај ништо страшно нема да се деси.
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
22
Куманово
Абе па ке има вирусна опасност кт више неможев да правив паре од птичији и свински па сг од фокин ке правив.
Прво правив вакцине па после вирус га направив.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
Да бе, подеднакво ист страв имам како кога на времето ми праќаа Антракс во сметката за телефон.
Или пак кога имаше општонародна паника да не седам многу пред компјутер оти може да закачам вирус.

Сега се чека на фенси фаците пак да си ги извадат оние лабораторискине маски и така обезбеџени да шетаат.
р.ѕ. Ама мило фациче има фоката. :frantic
 
  • Like
Реакции: parvati