Нискокалорични јадења

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Сите сакаме да бидеме фит, но ако сакаме да бидеме такви мораме да внимаваме на нашата исхрана. Често ни се случува ние да треба да јадеме домати, пиперки, банани и сл. а некој покрај нас да еде некои палачинки или пица. Еве неколку рецепти за нискокалорични јадења:
Овесни палачинки:
Состојки:
200мл вода
100мл млеко
1 цело јајце
Малку масло
Овесно брашно (ако неможете да најдете измелете овесни снегулки)
Начин на подготовка:
Сето ова се микса се додека не се добие средно густа смеса. Бидејќи е слично на палачинка ако го пржите во обични тави мора да капнете неколку капки зејтин за да не загори, ако имате тефлонско тавце нема потреба за масло. Како фил, знатре можете да ставите посно сирење како солена варијанта или пак блага варијанта со мед, ореви и лешници.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and Gemini

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Нискокалорична пица:
Состојки:
100гр. овесно брашно (измелени овезни снегулки)
200гр. стек
200гр. домати
50-100гр. посно сирење
1 цело јајце
1 кесичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
Јајцето, овесот и половина од прашокот за пециво се мешаат и по потреба се додава вода за да се добие средно густа смеса. Во меѓувреме месото се сецка на ситни парчиња и се вари(може да се пече во фолија на тостер). Тестото се става во тава и се додаваат исецканите домати, месото и посното сирење (по желба може да ставиме малку печурки, маслинки). Може малку да се стави и оригано. Се пече во рерна и се јаде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah and Gemini

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Витаминска салата со мед:
Состојки:
50гр. рендана црвена зелка
50гр. рендана бела зелка
50гр. рендан морков
30гр. сечени суви моркови
20гр. суво грозје
1 кисело јаболко
3 лажици течен мед
1 исведен лимон
Начин на подготовка:
Во здела се ставаат сите состојки освен медот и се мешаат заедно. На крајот се додава медот и се меша додека не се добие хомогена смеса.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The_countess and Gemini

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
26
Куманово
Печени тиквички:
Состојки:
1 главица кромид
2 лажици маслиново масло
600 гр. тиквички
Оригано
2 Свежи домати
200 гр. конзервирана пченка
Сол
Бибер
200 мл. безмасен јогурт
100 гр. пармезан
Начин на подготовка:
Излупете го кромидот и исецкајте го.Загрејте го маслииновото масло во тава и запржете го кромидот.Измијте ги тиквичките и исецкајте ги во коцкички. Додадете ги во тавата.Додадете оригано. Гответе го 10 мин.Измијте ги доматите и додадете ги во тавата.Додадете ја пченката, солта и биберот.Измешајте и додадете ги тиквичките во тава за печење. Прелијте го јогуртот врз нив и додадете пармезан.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Овие ги најдов на некој сајт, ги правев 2-3 пати се наоѓаат ако сте зафатени и немате многу време за подготвување оброк а и многу се вкусни.

Овесни колачиња

- 150 г овесни снегулки*
- 100 г ореви*
- 150 гр брашно
- 50 - 100 г шеќер*
- 50 г путер/маргарин
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка цимет
- 1 кесичка ванилин шеќер
-1/4 лажичка сода бикарбона
- 1/4 лажичка сол
- 1 јајце *

Начин на подготовка е најлесен - Се мешаат сите суви состојки и на крај се додава јајцето. Смесата е сува па се месат цврсто и се оформуваат топчиња. Потоа се ставаат во подмачкано тавче или тавче покриено со хартија за готвење и нежно се притискаат да добијат форма на диск.

Е сега кај некои имам ставено ѕвездички (*) како мои совети што би ги додала според мене. За овесните снегулки - ако сакате смесата да е поизедначена - сомелете ги. Јас сакам да ми се познава овесот па половина ги мелам половина не. Кај оревите важи истото само поубаво е да се сечкани. За да не се малтретирате со нож, ставете ги во кеса и со сукало поминете врз нив и потпечете ги да добие вкусот на интензитет. За шеќерот - може да варира во зависност од вкусот. Можете и мед - плус ќе бидат и помеки. И за јајцето - според мене едно е малку зошто секогаш додавам плус состојки па убаво би било да се и две. Можете да додадете било што - Јас ги правев со кокос, лешници, јаболко, урми, суви кајсии итн итн. Ах да, ќе заборавев се печат на 200 C околу 10-12 минути во зависност од рерните.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Салата од киноа
Сварете ја со вода киноата како ориз што се вари,
Потоа ставете ја во подлабок сад а одозгора ствате 2 варени јајца, 2 здробени на коцки домати, краставица и магдонос. Зачинете со малку зејтин од маслинки, сол,маслинки.
*киноата содржи многу протеини и може да се набави кај нас во продавници за здрава храна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER and Luckky