Никогаш не вели никогаш - Абортус

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Абортусот отсекогаш бил табу тема за која никој не сака да дискутира се додека не дојде времето да се расчисти дали тоа би била правилната одлука или не.

Луѓето кои се доста наклонети верници за ова би рекле дека девојката ќе оди во пеколот доколку го направи овој чекор. Тие веруваат дека од моментот кога јајце клетката ќе биде оплодена тоа е живо човечко суштество, па аналогно на ова уништувањето на плодот е убиство. Докторите го тврдат спротивното, дека се потребни 9 недели за да фетусот добие форма која ќе наликува на човек.
Исто така абортусот има и здравствени последици. Од психолошки аспект се депресијата, чувството на вина, постабортусен психолошки синдром па дури и самоубиство. Од физичка страна се разните инфекции, оштетување на матката кое би можело да предизвикa проблеми при зачнување на деца во иднина, но и крварење кое мoже да има летален исход .

Океј, тука е време да стопрете со читање ако не сте спремни да продолжите, бидејќи ова беше само прилог на тоа како изгледа еден текст по сајтовите, или барем пробав да го доловам моментот, и го напишав чисто информативно, за оние кои сеуште не се информирани, да се формираат под ИТНО!

Абортусот е право на секоја жена, и комплетно го поддржувам тоа, а сите оние кои не се согласуваат со овој став веднаш да престанат со читање! Доволен ви беше информативниот дел и имајте пријатен ден. Но за оние кои се малку повеќе ‘ open minded ‘ мислам дека е добро да си продолжат понатаму…

Сеуште сметам дека неможам да размислувам како жена од многу фактори што ме опкружуваат и зошто пред да бидам нечија сопруга и мајка, сакам да бидам достојна личност за себе, но ќе пробам да потенцирам што јас конкретно мислам за абортусот.

Абортусот потполно го оправдувам и сметам дека ТРЕБА и МОРА да остане како опција. Сексот е здрава работа и тоа научно докажана, а млади ко млади, хормоните работат, ете ти секс, ете ти бебе ! Неможе никој да ме убеди дека Веронаука е потребен предмет во школо, а Сексуално образование не е. Па добро бе, се сметаме за развиена земја, се сметаме за колку – толку развиен народ, а зборот СЕКС не дај боже да се спомне. Ни по дома, а на училиште воопшто! Затоа подобро да се спречи, отколку да се лечи, има многу методи на спречување, само треба некој да е доволно паметен да воведе едукација, а не да се осудува младината ! Ако веќе ги осудуваме младите од ‘wannabe верник број 1′ тогаш треба да ги информирам бидејќи се толкави верници и сметаат дека не треба да се има секс пред брак, тогаш не треба ни да се менува никоја друга поза освен мисионерската и тоа сексот да се практикува само кога треба да се прави бебе, а да не збориме за секојдневна молитва пред јадење, секоја недела во црква и забрането пиење, пцуење, лажење и сите други прекршоци што секојдневно ги правиме. Факт е дека нема стопостотна заштита од несакана бременост. Но ако гледаме така единствено решение е апстиненција или целибат. Во ред е да се цени животот, сепак тоа е најдрагоцената работа што ја имаме. Ама муабетот “Господ го дал, и само тој има право да го земе”… е извинете, ама мојот живот е мој, јас го живеам и јас одлучувам. Не можам да кажам дека бебе ќе ми биде дар во животот и дека се волшебно ќе се среди ако јас верувам. Дека не се средило, и неедукацијата воедно докажуваат за тие 30.000 абортуси во Македонија.

Иако изборот е личен и зависи од мислењето на секоја индивидуа, но јас лично верувам во биологија, а не во религија. Јас велам за се има причина, рационална и логична причина. Верувам дека на многу им е полесно да мислат дека можеби се дел од некој поголем план на универзумот, но токму поради такви работи и абортусот се гледа како чедоморство или убиство. Некои луѓе едноставно не се емотивно силни да живеат со товарот на “уништен живот”. Човекот е програмиран да бара логика во секој настан од животот, но многу често доаѓаме до погрешната.

Јас лично не би можела да родам дете затоа што “Господ така сакал”, ако знам дека не можам да му овозможам квалитетен живот. Затоа и толку ме изиритира мислењето на таканаречени професионалци кои велат дека секоја жена која абортирала мора да се покае и да побара прошка од сопственото неродено дете ако не сака вечниот живот да го помине во агонија. Во чија корист е да се доведе некоја личност во емотивна нестабилност, можеби и до крајот на нејзиниот живот?
А да не почнувам да зборувам за оние кои несомнено донеле одлука дека не го сакаат новиот живот кој расте во нив. Што би правеле тие ако се донесе закон против абортусот? Очигледно фрлање по скали како пред 100 и повеќе години пак ќе стане редовна пракса.

Кога би имала несакана бременост, би абортирала, и тоа од неколку причини :

1 - затоа што не сакам детето да го зачнам *случајно* или на *грешка*.

2 - зато што сакам кога ќе ги видам тие две цртки на позитивниот тест да се израдувам, а не да добијам суицидни и панични напади.

3 - затоa што сакам моето дете да се роди во брачна заедница и да можам да му дадам се што јас сум немамла во мојот живот.

Сепак и да не се битни околностите. Зборувам за неподготвени мајки кои, доколку се донесе законот против абортусот, ќе немаат избор. А целиот наш живот се врти околу тоа, нашето ПРАВО НА ИЗБОР. Ние како жени треба да сме свесни на тоа. Доколку абортусот е забранет, истиот ќе се извршува во сомнителни домашни услови од квази доктори со што ризиците од инфекции, сепси и слично ќе бидат драстично поголеми.

Освен тоа како може едно 15 годишно девојче да му пружи нормален живот на новороденчето без потпора од родителите или дечкото (кој најверојатно ќе избега) ?

Некој ќе рече да се даде на посвојување. Да, и тоа можеби е опција, но знаејќи го нашето општество девојката ќе остане жигосана, а во оваа држава дали едно oд 10 деца завршува во стабилна фамилија наместо во сиропиталиште, а сиропиталиштата не би рекла дека се сјајни.

Не се абортира само ако личностите се чувствуваат премногу млади за да бидат родители.
Има и многу други причини на пример : здравствени, силување, инцест, има и спонтани
абортуси – дали тоа значи дека бебето е суицидно ? Каде е тука господ кога во чин на
силување се зачне бебе? Не драги мои, тоа е далеку од ‘ плод на љубовта ‘. Или кога при
инцест таткото или братот ја зачне сопствена си ќерка-сестра? Каков е тој благослов драги
мои? Но чекајтеее !!! Тогаш во тие ситуации, абортусот е оправдан! Што не ќе прочитам од
ванаби светициве. Абортусот убиство, да сигурно! И не може да делите, или сте за абортус
или не сте. Не може да оправдувате абортус само во одредени случаи. Ако било инцест или
силување тогаш не е убиство, а ако се случила грешка, тогаш ако се абортира убиство е. Ма
немој? Сега убиство е или не е? Ако убијам некој во самоодбрана не е убиство, а ако убијам некој со намера убиство е? Исто е, а ваше е дали ќе осудите или не.

Жени како жени, дај им 10 совети, на крај ке го послушаат единаесетиот = сопствениот!
Затоа ако не мислите дека абортусот е правилен избор за вас, барем не го оспорувајте правото на останатите. Бидејќи ТРЕБА И МОРА да имаме право на избор !!!

Izvor - http://hajdpark.mk/kolumna-nikogas-ne-veli-nikogas/


Deviously Devilish
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Колку да дадам знак дека те исчитав,ке кажам дека го подржувам тоа дека секој сам треба да си одлучи,дали е за или против абортусот,:) а причините,се наведени во текстов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
6231_boki02-foto-n-milosevic_af.jpg%3Fver%3D1299172472



За Абортус.Една од причините.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да ги тргнеме на страна сите оние ментални ситуации, како силување, инцест и слично.
Ако си вистински верник, тогаш нема да имаш секс пред брак, што значи, нема да се најдеш во ситуација да се прашуваш дали да направиш абортус или не.
А сега за неверниците, хммм. Имаш секс со тој што го сакаш. Тоа не значи дека ќе направите бебе, паметни сте, 21 век сме, има начини за да се спречи тоа. А и да се случи, со љубов ќе биде направено. Јебига, некогаш најубавите работи испаѓаат неиспланирано. Ова е мое мислење.
Особено, ако станува збор за над 20 годишна девојка. Ај, во средно тинејџерите не се доволно образувани за сексот и последиците, секако со исклучоци.
Не би направила абортус. Грдо ми е и понижувачки. Кога веќе си се донела во ситуација на несакана бременост, барем тогаш превземи ги обврските, grow some ball што би се рекло и иди до крај.

П.С. Има тема за абортус.
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Да ги тргнеме на страна сите оние ментални ситуации, како силување, инцест и слично.
Ако си вистински верник, тогаш нема да имаш секс пред брак, што значи, нема да се најдеш во ситуација да се прашуваш дали да направиш абортус или не.
А сега за неверниците, хммм. Имаш секс со тој што го сакаш. Тоа не значи дека ќе направите бебе, паметни сте, 21 век сме, има начини за да се спречи тоа. А и да се случи, со љубов ќе биде направено. Јебига, некогаш најубавите работи испаѓаат неиспланирано. Ова е мое мислење.
Особено, ако станува збор за над 20 годишна девојка. Ај, во средно тинејџерите не се доволно образувани за сексот и последиците, секако со исклучоци.
Не би направила абортус. Грдо ми е и понижувачки. Кога веќе си се донела во ситуација на несакана бременост, барем тогаш превземи ги обврските, grow some ball што би се рекло и иди до крај.

П.С. Има тема за абортус.


Не реков дека сум се донела во несакана бременост јас, нит дека воопшто сум имала сексуален однос. Незначи дека ако пишуваш за абортус, дека пишуваш од искуство. Ова е само мој став и поглед кон тоа, а дека има тема за абортус незнаев, сори од моја страна што се повторва темата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rodeo Tvrdo and emzzy

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Не се согласувам воопшто со текстов...
Од една и единствена причина..
Секој треба да Стои позади тоа што го направил,кажал и треба да си ги сноси полседиците;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Не реков дека сум се донела во несакана бременост јас, нит дека воопшто сум имала сексуален однос. Незначи дека ако пишуваш за абортус, дека пишуваш од искуство. Ова е само мој став и поглед кон тоа, а дека има тема за абортус незнаев, сори од моја страна што се повторва темата.

Во мојот коментар не ти се обраќав на тебе, инече ќе те цитирав. Општо зборев.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Deviously Devilish

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Всушност, ако не сакаш да останеш бремена можеш да си пиеш таблети. Дечкото навремено да го извади половиот орган. Постојат кондоми, спирали.
Суштината во „несаканата бременост“ стои во тоа што и 15годишни девојчиња што сексот сеуште мислат дека е кекс, се обидуваат да влезат во таков живот. Воопшто неинформирани за тоа како и со што да се заштитат.
Некои сеуште мислат дека кондомот има само една намена - да не се родат деца. Не сфаќаат дека тоа го спречува и префрлањето на секакви инфекции, и слично.
Но, да не одам ептен оф-топик.
Моето мислење е НЕ за абортусот, од проста причина што секој сперматозоид... Ако се оплодил, вреди да има прилика за живот.
Не заборавајте дека и ние сме биле само тоа... Ако нашите мајки се одлучиле на абортус сега немаше да стоиме тука.
Секој заслужува да живее.

Од ова мое мислење можам да отстапам само во два случаеви: Силување и тешка болест која мајката ја дознава после забременувањето, па не сака детето да го роди со такви аномалии и слично.
И нормално спонтаниот абортус кој никогаш не е посакуван.

А за 15 годишните девојчиња кои се испаничуваат кога ќе видат дека се бремени ич ама ич не му ја мислам. Требало тие да седнат и да размислат како ќе се справуваат со последиците после сексуалните односи.

Е за религијата не разговарам.