Не ти кревам 5 пати, зошто мислиш дека ќе ти кренам по наредните 15 обиди?

Kokakolicar Eden Nizaeden

Активен Член
17 мај 2012
81
150
33


Ѕвониш еднаш, ѕвониш двапати, ѕвониш три пати, ѕвониш тринаесет пати, не добиваш одговор нит после првото, нит после второто, нит после третото, зашто мислиш дека ќе кренам после тринаесетото ѕвонење?
Тешко на тој што „случајно“ не го гледа телефонот, кој не престанува да „урла“поради досадната персона од другата страна на линијата, и само тупка кога овој досадниов ќе се откаже. Но тука има уште една работа, колку и да сакаш да го избегнеш разговорот, секогаш те копка што таа особа има да каже.
И така после милион обиди да те добие, досадната персона оди на план Б. Планот Б обично е ѕвонење со скриен број или ѕвонење од друг број кој вие не го знаете. Е сега, за тоа дали ќе „паднете“ на оваа фора влијаат неколку фактори, како на пример: колкава е временската разлика помеѓу планот А и планот Б на досадната персона, исто така колку искуство имате со ваквите персони, па и колку ја познавате персоната и колкав е степенот на нејзината упорност (да не речам напорност). Ако паднете на оваа фора тогаш, навистина ве сожалувам, ако успеете да го избегнете и ова, честито, избегнавте навистина непожелен муабет.
Да разјасниме нешто, причините за избегнување на некои муабет не се секогаш злонамерни.. Да, има случаи кога знам дека ќе ме замараш со истата глупава работа, што ме замараше и вчера, па само ова е решение. Но има и случаи кога нема ништо зло во мојата намера. На пример, доаѓам од факултет мртов уморен, пижамите ме чекаат на креветот како што ги остаив сабајле, јорганот отворен ме чека да се бутнам под него и само што сум го сторил сето тоа ете те тебе, ми ѕвониш, сакаш да ми ја одземеш оваа убавина за која мечтаев од факултет до дома, само затоа што „ти се јавила желба да се видиме“, во превод, незнаеш што да праиш со себе. Епа нема, ѕвони си ти до утре, ќе ти ја исполнам желбата кога ќе се наспијам. Друга ситуација, излезен сум и убаво ми е, седам со луѓе и си праам маубет, кога телефонот ѕррнн, погледнувам да видам кој ми ѕвони, ти го читам името и знам дека не сме се виделе ни чуле најмалце два века, како да ти кренам, ќе треба саат време да правиме муабет, а јас седам со луѓе, што и да ти кажам ќе ме сфатиш погрешно, не сме се чуле толку време, а јас се обидувам да те откачам, нема смисла. Лекот е тоа, нема кревање додека не останам сам и спремен за да ти го прераскажам делот од мојот живот што го имаш пропуштено. Следна ситуација, сме се чуле или виделе пред неколку саати, тебе ти е досадно, мене баш и не, а знам, едноставно знам дека немаш ништо важно да ми кажеш, дека ќе го направиме НАЈглупавиот муабет, муабет без никаква смисла, се додека не почнам да ти одговарам со „да“, „аха“, „не“ , „и така“ , „епа добро“ и слично, а тогаш ќе се напнеш, ќе почнеш со стандардниот говор „ Ти никогаш не ме слушаш, јас си праам маубет сам/а на себе, бла бла бла“, ќе ме испцуеш сочно и ќе ми спуштиш слушалка, епа за да се избегне ваква ситуација, има едно решение, ИГНОР!
Има ситуации кога навистина не го слушам телефонот, сум бил на предавање, сум го стаил на нечујно и си останал така. Во такви случаи повторно нема потреба од петнаесет обиди да ме добиеш, доволен е еден, кога ќе видам, јас ќе те побарам. И така доаѓаме до моментот кога таа личност се откажала од намерата да стапи во контакт со тебе. Од како ова ќе се случи се јавуваат две алтернативи: избриши го повикот и прави се дека никогаш не си дознал за него или по истекот на одреден временски период, побарај ја ти таа личност. Ако се решите за втората алтернатива, најпрво, морате да имате спремен говор кој вклучува: добра лага за тоа зошто не си одговорил на повиците, каде си бил ти за време на нејзините обиди да стапи во контакт со тебе, кој може да потврди за тоа и слично. И тука стандард, веднаш по првото ТИИИТ, персоната нервозно крева и пред да имаш прилика нешто да кажеш започнува со „КАДЕ СИ ТИ ДО СЕГА, СТО ПАТИ ТИ ВРТЕВ, ГЛУВ ЛИ СИ ИЛИ ТАКА ТИ ОДГОВАРА, ЗА ШТО ТИ Е ТЕЛЕФОНОТ, ЗА УКРАС??? БЛААААААА БЛААААА БЛАААА“, а ти, бидејќи веќе го знаеш овој говор, го држиш телефонот подалеку од уво и „урлаш“ во себе „ПА КОЈ ТЕ ТЕРАШЕ СТО ПАТИ ДА МИ ЅВОНИШ!!!“
Е сега, постои и исклучок, а тоа е кога јас сум ти наложил поради одредена лична цел да се претвориш во таква напорна персона, за да се оствари мојата цел. Како пример за ова морам да ја наведам мојата драга колешка, нема потреба да ја именувам, со сигурност ќе се пронајде. Оваа персона е мојот персонален будилник. Да не е оваа персона факултетон мој нема со очи да го видам. Ако имате и вие некоја ваква персона секогаш имајте на ум дека вие сте најпцуената личност на светот! Ама сепак, животот, а особено студирањето, е многу полесен со ваква персона во вашиот живот. Колешке, прекрасна си!
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Хахах имам лек за ова, на пример порано ми звонеше еден албанец да не речам шипој може има некој на албанец на сајтов, ќе ме побркате после. Ама албанциве дефинитивно се давежи, не помага ни тоа што ќе му речиш ''Ќе се јавам во полиција", он упорно ќе си звони ќе си арчи време. И јас така еднашка, два пати, е третиот пат кај зазвони јас кренав телефонот до звучник и му ја пуштив ФМ од Слаткар, хахахахаха он си троши ми е галје изнаслушајсе на раат. После исклучив и не се јави повеќе. Што те шишам бре, кој те тераше да трошиш. Хахахаха