Неформално образование

Кое е Вашето мислење за посетување на обуки за неформално образование?

  • Би посетувал/а

    Гласови: 7 77.8%
  • Не би посетувал/а

    Гласови: 2 22.2%

  • Вкупно гласале
    9

StarTalk

Нов член
29 јануари 2014
1
1
1
36
Зошто е потребно неформално образование?

Авторот Гај Кавасаки, има запишано: „Продолжете да учите. Учењето е процес, не дело. Мислев дека завршив со учењето кога дипломирав. Но, тоа не беше точно. Никогаш не треба да престанете да учите. Всушност, учењето станува полесно кога ќе го напуштите формалното образование бидејќи е полесно да видите зошто е неопходно тоа да го правите. Моментално сте во средина која има структура; Ве издржуваат родителите. Но, факултетот не Ви е најважен. Може да одите на факултет и да не научите ништо. Но, може и да научите многу работи без да одите на факултет.“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Второотворената тема е во канта - не е дозволено себерекламирање. Овде може да се развие дискусија околу неформалното образование.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Гај Кавасаки ја измислил топлата вода? Е баш му фала, сега светот ќе може да оди напред. Captain Obvious за прецедник.
 

steel

Полноправен Член
27 декември 2013
17
5
13
28
За среќа јас се освестив и се образувам понатаму, но жално е што гледам многумина кои кажуваат ,,нема аир од учење'' т.е единствена цел им е да завршат школо и да кулират.Мислат дека тоа е крајот на маките .. а сепак е почеток.

за жал се многу повеќе, и веќе веруваат во тоа дека се во право.Најтрагичното е тоа што ме убедуваат дека сум дебил што учам.
Само едно сакам да кажам:се надевам дека ќе се освестат!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24 and Prashina

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Фина работа е неформалното образование, што во нормални земји многу се цени, стварно се стекнува знаење и има своја тежина во сивито, арно ама кај нас сум повеќе од убеден дека врска нема и се сведува на џабе пари фрлање. Станува некој глуп тренд секој втор да држи такви курсеви по некои евтини цени колку да привлече посетители, демек тоа ќе им било битно за на работа и не знам што. А кај нас (бар по Скопјево) има само една или две школи или како и да се викаат, што го вршат тоа неформално образование и стварно се стекнува знаење. Тоа знаење се стекнува врз основа на добро утврдена програма, има искусни предавачи кои тоа што го предаваат го работеле во многу земји, имаат доста богати биографии, вршат такви обуки и надвор од државава. Тоа се гледа и од листата на нивни клиенти. Останатово, е само обична превара, лесен начин на собирање пари, нити знаење ќе се стекне ни па тој сертификат (ако уопште го даваат вреди). Не може обука да држи некој што сеуште е студент, што ни самиот никогаш не посетил никаква обука, нема никаква допирна точка неговото искуство и струка со тоа што го предава. Ми стасуваа некои такви евенти глеам у училна некоја у школо (основно или средно не е битно), предавачиве по 20 год изгледаат ко да се спремиле за во некоја биртија а не за држење обука, кај што би требало да предадат знаење и животно искуство (кое го немаат), би требало да бидат авторитативни за сериозно да бидат сватени (а не се). Се се сведува на ситна заработка. Да не тупам, супер се неформалните курсеви, доста корисни работи може да се чујат и научат, има доста интересни предавачи од земјава и странство, каде ќе добиете вредни сертификати за учество во обуките, како и ќе стекнете нови познанства од конкретната област ко иво иднина може да ви се исплатат. Само пред да се нафатите прогуглајте да видите кој стои позади тие обуки кои се се предавачи и слично. Такво време дојде денес сите се експерти и сите само продаваат памет...