Несакани ефекти

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Инспирирана од филмот Side Effects го поставувам ова прашање: психијатар и препишува анти-депресивни апчиња на болна девојка која поради користење на апчињата започнува да месечари и една вечер поради тој несакан ефект, за време на месечарењето несвесно го избодува до смрт својот сопруг; кој е виновен, психијатарот или девојката? Зошто?

Доктор Бенкс под сугестија на поранешниот психијатар на депресивната Емили и препишува нов експериментален лек Ablixa на својата пациентка, со надеж дека конечно ќе и ја скрати долгогодишна борба со депресијата. Иако успева во тоа, никој од нив не очекува дека еден обичен несакан ефект од лековите како што е месечарењето, ќе ја натера Емили во сон да изведе убиство.

Ќе ви пренесам 2 цитата од филмот надевајќи се дека ќе влијаат врз целовкупното мислење за ситуацијата. Емили: We go to doctors with our sadness and our faith in the hope they will guide us toward health. But instead I have gone down a path toward a misery I never could have imagined. And I have taken my loved ones with me. My only hope is that no one else follows me to this place. Доктор Викторија (поранешниот психијатар): The point is the cardiologist can see it coming, the heart attack, from the tests. It's in the blood. But who can see the lies? Or the past, or the sadness?

Не ја кажувам пресудата во судот, ниту пак крајот на филмот. Исто така, ви го препорачувам филмот да го изгледате, особено на оние кои сакаат драма-трилери.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Звучи како добар филм.
Законски мислам дека психијатарот не сноси одговорност ако негативните дејства на анти депресивните таблети се наведени во упатството. Со тоа упатство се оградуваат од вина фармацевтската компанија која го произвела, фармацевтот кој го издал лекот и докторот кој го препишал.
Да занемариме што месечарење како несакан ефект до сега немам сретнато во ниедно упатство. Но ајде сепак е филм.
Можеби психијатарот е виновен поради тоа што не ја проценил добро фазата на депресија, можеби девојката била за постојан надзор од доктор и потреба од лекување во клиника. Тогаш е виновен.
Девојката извршила убиство несвесна, плус во депресија, под дејство на антидепресивни табелти (речиси дрогирана) што значи била во состојба во која законски може истотака да се извлече.
А ако и работело несвесното и ако го убила зошто несвесно сакала?
Според мене, ако веќе мора да се бара виновник, тогаш тоа би била девојката.
Ајде кажете јја пресудата пред да продолжам да нафрлам глупости. Го немам гледано филмот :D
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
Да не им го расипем филмот на другите...
Девојката не е во депресија... се е нејзина глума со цел да ги земе парите од животното осигурување на нејзиниот сопруг.

Во хипотетичка ситуација, мислим дека виновна би била девојката, затоа што не е можно несвесно да се убие некој без никакво заедничко минато.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Кога одиме на доктор мислиме дека тој е ''Бог''.
Мислиме дека мора да не излечи и се то.... Но,некој
треба и да е свесена дека сака да се излечи,треба и малку и самиот
на себе да си помогниш за да ти помогнат другите.
Во овој случај докторот само си ја врши својата работа
како доктор,но Емили треба да го има она мало
гласче во себеси кои вели:''Еј,што правиш застани...''
Али,сепак таа е свесна што сака да направи и
Бог да слези нема да ја спречи во нејзината намера.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Иначе, д-р Венкс на судењето изјави дека нормално за време на спиење (месечарење) личноста не е свесна, со што и даде предност на Емили која заборавив да кажам, не се сеќаваше на чинот кога се разбуди.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Епа тоа веќе
не е месечарење.Тоа е психолошка болест.И се
вика деменција.Знам дека во психологијата
имаше еден пример со постар човек,како
во сон станува и заминува на железничка и
бара карта за во Белград.И потоа тој пристигнува во Белград
и кога веќе се освестува т.е разбудува не се
сеќава на ништо,зошто стасал таму и што бара таму.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Да, но започна да месечари кога почна да ги пие апчињата. Месечарењето/деменцијата беше несакан ефект добиен од апчињата кои д-р Венкс и ги препиша.
хм... Интересно филмче..
или серија :rolleyes:
 

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Го гледав филмот,и неможам да коментирам кој е повеќе крив дали Емили или Др.Бенкс, затоа што двајцата се криви на различен начин.
Во филмот се згрозив од тоа како експериментираат со лековите за лечење депресија. Пробај дај и го овој, пробај дај го оној. Што е тоа? Гумени бомбони па да пробаме од сите вкусови? Недокажани апчиња пуштени во продажба за кој лекарите не знаат дали се успешни или не, ги препишуваат.
По себе знам , никогаш не ги читам несаканите ефекти од пиењето на некој антибиотик или било какво друго апче.Као ете ми ги препиша докторот, да има нешто лошо би ме известил, значи му верувам 100%...Прва грешка . Пример месо кој купувам од месара, гледам ова парче е потазе а ова е постаро, не му верувам слепо на месарот. На крајот од краиштата во мој желудник оди, јас ќе имам труење ако го купам само затоа што сака да ми го продаде. Зошто не би било и со лекарите така.Прочитај што пиеш, информирај се.
За жал фармацевтската индурстрија е една од најкорумпираните. Најблагородните работи се најтрули во суштина.

Несакани последици мора да има напишано за да не одговара фармацевската компанија во случај нешто да се случи со пациентот. Набројуваат милиони негативни работи кои би ни се појавиле како последица од пиење на витамин, а да не зборувам за други посложени лекови. Потоа ќе купиме друг лек за да ги излечиме пројавените последици од претходниот и така верижно ќе се труеме со лекови и ќе ги финансираме фармациите. Ако убиеме човек во меѓувреме како последица на некој негативен ефект тоа е тоа... не сме криви до лекот е , пу пу неважи. Човекот си отишол , нема виновници туку само жртви. Ќе исплати компанијата оштета ќе се зборува по вести неколку дена и ете месец нека е, трт мрт и ќе се стиши пак целата работа, пак исто ќе биде.

Сега последно слушнав дека пиењето лексилиум ги зголемува шансите за алцхајмерова болест.....Wtf?
Мајка ми ги пие веќе 20 години редовно по препорака од лекар. И народски више ги препорачуваме, многу си нервозен, купи лексилиум по едно од сабајле и ќе бидеш посмирен.
Пациентите се криви затоа што не се информираат, не се интересираат што внесуваат во системот, а лекарите се криви затоа што не ја практикуваат етиката пред која се колнат, и претајуваат битни информации.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ерм, деменција обично настанува кај лица над 65 години и најчесто при повреди на мозокот, паѓања или мозочни удари, при што се намалува дотокот на крв и воздух потребни за правилно функционирање, а штом на цурава ѝ биле препишани анти-депресанти, веројатно станува збор за делириум, што се карактеризира баш со дизориентираност, искривена перцепција и проблеми со спиењето, иако и оваа кондиција е повеќе застапена кај постари лица.
Да не трескам без врска, си го симнав филмот баш да видам што е и како е, ама на големо ги кривам пациентите што не се информираат доволно.
При толку книги и интернет, да земаш „медицински дроги“, а да не си доволно информиран за несаканите ефекти на истите, е само пропуст на пациентот.
Не може докторот на секого со саати да објаснува што и како, а и многу не го прават тоа, што од мрза, што од незнаење, што да не предизвикаат несакани реакции на паника кај пациентите, што нормално, си е пропуст и на докторите.
Малку оф топик, ама пред некое време имав алергија и ми дадоа некакви апчиња кои беа апла јаки и корисни, ама кога им ги прочитав и искусив несаканите ефекти, ги фрлив без око да ми трепне. Апчињата имаа повеќе несакани ефекти отколку сакани, и беа страшни...што опаѓање на коса, главоболки и поспаност, болки во стомак и бубрези, забрзано чукање на срцето и покачен крвен притисок, итн итн. Експериментален лек, бета верзија, што би се рекло, па не сум експериментално глувче. Радо би да се чешам ко мечка од дрво, отколку што од дејството на едно апче се кутнав во кревет цел ден.
Назад на темата, хипотетички вината е во двајцата и во никого истовремено. Самата депресија ко депресија е доволно лоша да го натера пациентот на непромислени постапки, а во комбинација со лекови е убитачна, но од друга страна пак депресивен пациент, посебно во подоцни стази, нема ни волја да зема лекови, а не пак да се информира за истите. Докторот иако (би требало да) е информиран за несаканите ефекти, е ограден од било какви обвинувања поради самата напомена од производителите на лековите, освен во случај на неправилно одредени дози.
Во филмов, откако го прочитав спојлерот, гледам дека е друга веќе приказната, па доколку докторот не е вмешан, девојката е кривецот и си страда од сосема друг психички проблем штом е способна за такво нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence