Ненајавени гости | Црнобело Форум

Ненајавени гости

Metalec

Полноправен Член
1 јуни 2014
36
33
18
31
Да секогаш кога правам нешто а кога сум слободен никој не доаѓа кај мене се е наопаку
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Navoj

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
27
Ако немам работа не ми пречат,ако имам работа ми пречат,зависи од денот
 

Dorina

Активен Член
20 октомври 2017
93
71
28
47
sekogas dobredojdeni,no ako me nacekaat na vrata koga izleguvam,ako mi se bliski gi pustam da vlezat i im kazuvam za kolku vreme odprilika ke se vratam,a ako ne izvinete na izleguvanje sum,togas,vo tolku i tolku ke bidam doma pa povelete
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and corki

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
137
1,053
Не можам да разберам за некои што мислат дека можат да идат кај некого кога сакаат.Можда има некој друго во план да прави.Имам и такви роднини што им е во навика тоа,и многу ме нервираат.Откако ќе се чуеме на телефон,прашуваат каде сте,зашто не сте дома.|-(Па не ми е обврска да му се правдам некому за тоа кај сум,не сум должна нжда мислам дали че дојдат ненајавени.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malecka

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,199
1,133
Ми иде да ги вратам хаха. Не доаѓаат ненајваени пречесто, но тоа ми е до некаде многу непријатно за некој може и некултурно. Немаат што да прават и ајде ќе им идеме на гости, а овие дома одмараат лежат.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,816
7,329
1,153
Big Sur
Мене не ми пречат скоро воопшто пошто сметам дека така ненајавени може да дојдат само луѓето со кои сум најблиска, а не некој што бил на поминување еднаш во годината, па му текнало.
Тогаш мислам дека и јас не би била дома.
Од друга страна, мајка ми е чудо од човек за ова. Не е моментот дека луѓето ѝ пречат, не ги сака или што дошле ненајавени, туку за неа дома секогаш е недочистено, срамота, немало ова спремено, немало она, па ќе трча во продавница и мислам дека им прави да им е незгодно.
Дома е почисто од аптека. Се џогира по два пати дневно, прашина на два дена, влакна и трошки се збираат после секое чешлање и јадење, секоја година префарбуваме радијатори и врати, но не, за неа секогаш треба да е најавено (ако може дури денови однапред) за да може да спреми папучи пред врата, јадење, пиење, да се изгланца за гостите да може да си го гледаат одразот на секоја површина.
Ужас. Секој ден си наоѓа нешто „валкано“ и знам дека веќе се граничи со ОКР, но ако тоа ѝ помага и ѝ пополнува време, нема што да правам. Кренав раце од убедување.