Немам што да облечам!?

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Честа реченица на многу припаднички на понежниот пол.
Стоите пред вашиот плакар 10-15 мин и гледате во брдото од алишта но вие сепак немате што да облечете,често и причина за вашите доцнења е токму оваа причина.
Дали ви звучи познато ова,дали имате и вие ваков проблем?! Како постапувате во вакци ситуации?
971108_10201367235926649_1251283620_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mila Kunis

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Често мислам на тоа.
До пред некое време ми беше единствениот проблем:)
Ќе станев сабајлечки ќе го отворев регалот и ќе гледав низ алиштата прашувајќи се:
"Што да облечам денес?"
Понекогаш посакувам да се врати тоа време.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Толку е вистина ова,и јас така сабајле си станувам го отварам регалот и ако има и премногу алишта си викам Немам што да облечам,или Што да облечам....:)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Јас па не страдам од слепило еве, ко ќе отворам плакар си ги гледам алиштата и си земам што ми е потребно :|
Од никогаш не сум била кенкава пред плакар, ни во тинејџерските години. Не се замарам да им се допаднам на другите, зашто реално опсесијата со алишта е баш тоа.
Сакам уредна, чиста и примерна облека соодветна на приликата за која е наменета.
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
:^) Неможам да се сетам кога последен пат сум го помислила тоа...Не затоа што имам едно чудо гардероба :D туку затоа што никогаш не се замарам за такви според мене небитни работи!Побитно ми е облеката да ми е уредно здиплена за да можам се да имам при рака, и да не треба да пеглам нешто :D а да се мислам со саати пред плакар шо да облечам...па и не баш!
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Неможам да се сетам некогаш дали сум се помислила што да облечам со исклучок само ако е за некоја свадба. Не се оптеретувам со тоа да имам повеќе блузи или фармерки , или да купувам често , само она што ми е доволно. + за тие 10 -15 мин стоење пред плакар ја сум веќе пред порта испадната спремна за одење :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aleksis

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Ах често ми се случува ова. Посебно пред да излегувам на вечер абе ќе се скапам мислење што да облечам и ќе почнам еее пак нема шо да носам или ќе се мислам помеѓу неколку работи и има 100 пати да се пресоблечам хаха и зато сега почнав пред време да си смислувам.
И пред да одам на факс ќе станам сабајле и ќе се мислам до мислење ова да го носам па друго шо да облеќам шо ќе ми одговара бла бла и ќе се закаснам па ќе треба да трчам.
А најубаво ми е некогаш ко ќе се брзам многу ко ќе ми излези нешто не планирано и ќе фатам нешто шо било шо ќе ми се фати и одма излегувам немам време да мислење тогаш.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ај што си мислам дека немам да облечам, не е многу опасно ќе се реши, ама дур да се реши пола плакар ќе го извадам на кревет.Баш прееска ми се деси ова, од брзање не ги вратив назад и ене ги уште си стојат така,ме мрзи да станам да ги средам :)
Инаку не ми се случува често ова, обично за на факултет навечер си спремам некоја комбинација без многу бирање за утредента, за да не губам време од сабајлето.
Но кога станува збор за кафе,состанок или некаков повод за излегување, не ја донесувам баш брзо одлуката, и секако после 3-4 пробани комбинациии донесувам заклучок дека ми фали маичка за таа сукња или џемперче за таа маичка и слично :)
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Еври деј иста песна...вечно немам што да облечам...дури сама себеси си сум напорна во тој дел...
 

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Често користена реченица иако е чиста лага!
Ама оддамна ја немам изговорено затоа што однапред знам што и како ќе носам, па само земам тоа што ми е потребно и затворам регал.
Ситуацијата кога се двоумиш која блуза (кафеавата или портокалевата на пример) повеќе ќе ти одговара на веќе облечените кремави пантолони е веќе фрустрирачка, па може да следи пресоблекување по 2 пати на блузите и тука автоматски се губат едно 10 минути.:D
Има и слични ситуации со други парчиња облека.
Како и да е, гледам да ја избегнувам: „Немам што да облечам!" Прво затоа што не е вистина, второ затоа што тоа е непочит кон алиштата кои дремат во плакар подредени и чекаат да ги облечеш! :)